Black Myth: Wukong е акциона RPG видеоигра од кинеското студио Game Science која треба да биде достапна следната година.
Уште во 2020 година, ова студио објави 13 минутно „gameplay“ видео од играта и истото стана огромен хит и истото достигна бројка од скоро 10 милиони прегледи.
Досега немаме конкретни информации од приказната на играта, освен тоа дека е базирана на книгата Journey to the West и дека главниот лик ќе биде добро познатото суштество од кинеската митологија, Sun Wukong.
Друга сигурна информација која ја имаме е тоа што видеоиграта ќе има врвни визуелни ефекти, а истото го потврдува и овој преубав Unreal Engine 5 трејлер.
Видеоиграта најверојатно ќе биде достапна на next-gen конзолитe, а воедно и PC. A точниот датум за кога ќе се случи тоа е сеуште непознат бидејќи студиото најави дека сака да ја изработи комплетно и перфектно. Како и да е, од овој пост на twitter добиваме информации дека видеоиграта ќе биде достапна следната година, а воедно добиваме и кратко PS5 gameplay видео.
Black Myth: Wukong | Gameplay | 2023 | PS5 pic.twitter.com/QsVH9TSVk7
— Le Monde De Playstation 🇪🇺🇺🇸🇯🇵 (@LeMondeDePSX) May 1, 2022