Се враќа една од најдобрите хорор видеоигри, сега во нова и подобрена верзија.
Electronic Arts, студиото кое стои зад Dead Space, на livestream најави дека изработувват remake на хорор хитот од 2008 година, а истиот ќе биде достапен за играчите на 27-ми јануари.
EA освен тоа што објаснуваа за процесот на изработката, посочија и три важни работи на кои ќе биде даден фокусот во оваа видеоигра:
-
Дејствијата се случуваат во вселената, па затоа нема многу место за некои визуелни ефекти и бои полни со живот. Ова прави одлична основа за приказната да биде доживеана низ многу хорор елементи.
-
Главната цел на оваа игра е токму тие хорор елементи да бидат навистина страшни и играчот да го почувствува тоа (тие што ги играле останатите Dead Space видеоигри, знаат).
-
Секој предмет и секоја појава (без разлика колку големи) има свое значење и своја приказна.