Конечно добиваме gameplay видеа и новости за едни од најочекуваните видеоигри.
Starfield е следната видеоигра на Bethesda, која е можеби најамбициозниот гејминг проект досега. Видеоиграта на почеток ни нуди целосно креирање на карактер со уникатни способности и карактеристики. Потоа, со своите 1000 планети (добро прочитавте) ни го нуди најголемото авантуристичко искуство.
Играчите со својот вселенски брод ќе имаат можност да слетаат на која било од овие планети на која ќе сретнат разни цивилизации, вселенски пирати и безброј други предизвици.
Starfield ќе имаме можност да ја искусиме во „First Person“ и во „Third Person“, а главниот стил на игра ќе биде добро познатиот „shooter“, но секако самиот играч ќе одлучува на кој начин да ги поминува големиот број на предизвици.
Како ова ќе изгледа може да видиме во новото gameplay видео долго 15 минути.
Точниот датум за кога сето ова ќе ни биде достапно сè уште не е познат, а се шпекулира дека истиот би требало да биде на почетокот на следната година.
Следната видеоигра за која добиваме новости е четвртиот продолжеток на Diablo. Activision Blizzard потврдија дека таа ќе биде достапна следната година за PC, Xbox Series X / S, Xbox One, PS5 и PS4, а и дека воедно ќе има можност и за „cross-play“. Студиото видеоиграта ја најави со следниве зборови:
„Fight with aggressive skeleton Warriors, fast-attacking Skirmishers, sword and board Defenders, or scythe-wielding Reapers. “Unleash a litany of spells with Skeleton Mages, imbuing them with shadow, cold, and sacrificial magics. Deploy tanking Bone Golems, health-stealing Blood Golems, and charging Iron Golems. Or sacrifice them all to absorb their power.”
Освен тоа, добиваме и потврда дека на претходно најавените класи Sorceress, Barbarian, Druid и Rogue ќе им се придружи нова петта класа, Necromancer, за кого во продолжение ќе видиме cinematic trailer и gameplay видео.
Уште нешто што треба да се спомене за оваа видеоигра е тоа што студиото има во план да работи на нејзиното подобрување и во годините после нејзината премиера.
To be clear, D4 is a full price game built for PC/PS/Xbox audiences. We are committed to delivering an incredible breadth of content after launch, for years to come, anchored around optional cosmetic items & full story driven expansions. More details soon. Necro blog tomorrow!
— Rod Fergusson (@RodFergusson) June 12, 2022
А освен ова, студиото им ветува на фановите дека микро-трансакциите нема да бидат главниот фактор во тоа кој ќе биде најмоќниот играч, туку дека тие само ќе се користат за skins и слично. Зредба, ова не е случај во Diablo Immortal каде според пресметките на еден Јутјуб канал, на играчите ќе им бидат потребни 10 години или пак 110 илјади долари за да можат да го достигнат максимумот во видеоиграта.