Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокГејмингИнтервју со Николај Јанушев - Човекот со Светски успеси во Diablo 4...

Интервју со Николај Јанушев – Човекот со Светски успеси во Diablo 4 и PlayStation игри

Кој кажа дека не може да се живее од гејминг? Разговараме со Николај Јанушев, страствен гејмер кој држи неколку рекорди и живее од играње видеоигри!

Како загревање пред почетокот на новата ГГ.МК подкаст сезона на Twitch (https://www.twitch.tv/ggtvmk), соработуваме заедно со дечките на чиј сајт (www.gg.mk) можете да ги прочитате сите актуелни Гејминг новости. А ви припремивме и DIABLO Giveaway кој ќе биде објавен утре (среда) на нашите Instagram профили.

  1. Кој е Николај Јанушев, односно познат по PSN тагот Clesny?
Пред се сакам да се заблагодарам на Комикс и ГГ МК  кои го овозможија ова интервју.
Јас сум Николај Јанушев или некои ме познаваат по гејмерскиот таг Clesny. Порано работев во индустријата на видеоигри и имав чест и прилика да работам на првата македонска хорор видеоигра „Wounded – The Beginning”, но неодамна ја променив насоката на мојата професија и почнав да се занимавам со бустинг на платинум трофеи.  За пошироката публика, платинум трофеј е дигитален трофеј кој го добивате откако 100% ќе комплетирате видеоигра и ќе ги исполните соодветните барања и предизвици на PlayStation платформата.
PSN профилот: https://psnprofiles.com/devil_clesny
2. Како успеа да се пробиеш во оваа индустрија?
Првата работа што ја имав која нудеше бустинг сервис беше уште пред неколку години, работев за дански клиент на World of Warcraft: Classic. Огласот беше на UpWork кој ми беше пратен од пријател. За жал тоа имаше времетраење од околу 4 месеци бидејќи се што беше возможно да се достигне веќе го достигнав и го направив карактерот да е најдобар на тој сервер.
Пред речиси година дена барав на eBay физичка копија од некоја игра бидејќи сум колекционер на физички копии и налетав на многу огласи кои не ја нудеа играта туку сервис т.е. продаваат платинум трофеј за таа игра. На прв поглед ми падна многу чудно како ловец на трофеи бидејќи се нуди такво нешто на пазарот, но направив доволно истражување и дознав дека маркетот за таканаречениот сервис е огромен и дека луѓе плаќаат за се и сешто.
Најпрвин што направив е креаирав eBay продавница и креирав свој оглас за неколку наведени видеоигри. Немав многу корисници, но добивав секојдневно пораки за луѓе кои се заинтересирани. Направив повеќе истражување и воочив дека конкуренцијата е огромна на eBay па се решив да направам експанзија и да отворам гиг на Fiverr.
Пред да отворам гиг направив едно долго истражување кои луѓе би можеле да ми претставуваат конкуренција, нивните цени и нивна ефикасност. Кога ги разгледав сите Fiverr гигови дознав дека самиот дизајн на мојот гиг би ми овозможил да бидам доминантен на оваа платформа.
Отворив гиг, направив еден опширен и јасен опис, ги поставив цените за секој наслов поеднично, направив цел sheet каталог кој ќе им овозможи на корисниците да разгледаат кои наслови се достапни и по која цена.
Во првите неколку дена имав по некоја порака и луѓе ме контактираа кои бараа некоја минимална помош за платифнум трофеј. На пример, првиот корисник имаше се исполнето и завршено освен онлајн делот на The Last of Us: Remastered. Па оттука цената е многу помала затоа што корисникот веќе завршил 90% од потребните работи, но сепак е убава понуда за почеток.
Би рекол почетокот е најтежок, но откако се соберат неколку осврти станува многу полесно. По првите 2-3 осврти почнав да добивам стотина пораки неделно и бев приморан да направам автоматизирана порака.
Денес имам корисници кои директно ми пишуваат на мејл или на Discord, надвор од Fiverr платформата, па неодамна и ме контакрираше човек од Катар на кој не можам да му го откријам идентитетот.
3. Кои се предизвиците и предностите на еден човек кој секојденвно се бави со гејминг?
Секојдневно бавење со гејминг може многу лесно да стане монотоно. На пример; за да се релаксирам и  да вклучам игра што сакам да се релаксирам не можам толку да уживам затоа што веќе сум завршил со 8 часовна смена.
Една од главните одговорности е веродостојност дека јас нема да споделам нечиј акаунт, така што информациите на корисникот никогаш не се споделени. Се мора да е направено рачно и без модифицирани сејв фајлови. Има многу компании кои нудат за поефтино и побрзо, но прават модифициран сејв фајл кои автоматски отклучува платинум трофеј за дадениот наслов. Нормално тоа го избегнувам, затоа што многу лесно може да се добие бан на PlayStation за такво дело.
Потребна е голема ефикасност, дисциплина и брзина така што заработката ќе биде посиплатлива. Јас откако ќе завршам со некој наслов и имам искуство, студирам кратко и мапирам кој е најефективен начин до платинум трофеј, па понекогаш спојување на неколку чекори наеднаш е потребно за да се добие ефикасност, но потребнo е познавање и многу пракса.
Најубава предност на се ова е флексибилноста. Можам колку сакам и кога сакам да направам. Понекогаш може да биде 14 часа во еден ден, понекогаш 6, но секогаш гледам пред да заврши дедлајн да бидам готов.
4. Дали може пристојно да се заработува од оваа професија?
Може пристојно да се заработува, само потребна е голема ефикасност. Ако сте бавни и сте вложиле многу часови нема да биде толку исплатливо. Најбрз платинум трофеј што го имам испраксирано е Dark Souls: Remastered и потребни ми се околу 7-8 часа, цената на тој платинум трофеј е околу $80, математиката ја оставам на вас.
Цената се одлучува според тоа колку е тежок и долг насловот. На пример Outlast 2 е еден од потешките платинум трофеи, но е многу краток. Би можело да се заврши за 2-3 часа со доволно предзнаење, но тежината зголемува многу на цената и самото тоа прави да е една од најскапните платинум трофеи.
Потребно е познавање на разновидни жанрови затоа што за да добиете корисник мора да имате искуство со тој наслов кој корисникот го бара. Сум добивал понуди за GTA V онлајн и разновидни други наслови, но не можам да ги прифатам бидејќи немам икуство и не можам за нешто да побарам некој да плати а јас да немам искуство. Секогаш корисникот најпрвин плаќа пред јас да почнам со работа, така што тие средства мене ми се достапни само откако ќе го комплетирам тоа што ми е наложено.
Би сакал во иднина да земам неколку дечки млади од Македонија кои сакаат да заработат додека гејмаат, има доста талентирани играчи кои сигурно би сакале да заработат бонус некој денар. Идејата ми е да имам доволно луѓе во иднина така што секој наслов би го покриле.
5. На кои наслови/жанрови на видеоигри си најголем љубител?
Најголем љубител би рекол дека сум на „souls“ наслови, Devil May Cry и Resident Evil серијалите. Уште од многу мал сум бил навлечен на тие серијали, но еве години подоцна и после прекрасни разновидни наслови, а и серијали тие ми останале меѓу омилените.
6. Дознаваме дека си постигнал доста импресивен рекорд на Diablo IV, дали може да ни раскажеш повеќе околу тоа?
Diablo IV беше една голема сага. Најпрвин учествував во хардкор трката за топ 1000 која беше направена од Blizzard Entertainment и првите 1000 играчи беа изгравирани на Lilith статуата во кампусот на Blizzard.
Мојот обид го стримав на Twitch, но серверите беа многу нестабилни така што огромен број на играчи во првата недела ги изгубија карактерите вклучувајќи ме и мене. Иако трката веќе беше завршена јас се решив барем за свој мерак да стигнам до левел 100. Го завршив тој предизвик, но тука се појави нова цел; сакав да стигнам до ранк 1 за својата класа (rogue). На крајот успеав да стигнам до ранк 1 за својата класа и топ 10 вклучувајќи ги сите класи, според неофицијална табела пред првата сезона.
Се решив да твитнам за својот успех и продуцентот на Diablo 4, Род Фергусон ми реплицираше со честитка. Чувството е неописливо, се осетив многу поубаво него ли да стигнев во топ 1000 трката. За жал карактерот го изгубив на Uber Lilith на 5%.

Видео од Николај играјќи Diablo IV за топ 1000 на хардкор: https://www.twitch.tv/videos/1844449950

7. Со какви други рекорди и достигнувања би можел да ни се пофалиш?
Според мене најголемиот рекорд кој го имам постигнато е кога ја поминав играта Shadow Man на horror difficulty прв во свет. Оние кои пораснале со Nintendo 64 или PlayStation 1 можеби знаат за која игра станува збор.
Како мал јас израснав со Shadow Man и ја играв заедно со татко ми. Можеби 8-9 месеци ако не и години сум пробувал да ја поминам но никогаш не успеав да ја поминам поради тежината. Многу години подоцна Nightdive Studios објавија нова верзија ремастер со HD текстури. Ме удри на момент носталгија потсетувајќи се дека со таа видеоигра израснав и се осетив како некои работи да се оставени не довршени.
Заедно со ремастер верзијата Nightdive Studios објавија и нов вид на тежина кој се нарекува “horror”, имате само една шанса затоа што тој мод вклучуваше permadeath, ако изгубите треба отпочеток да се почне.
Си реков дека ова е убава и добра шанса да се потсетам на детството, но меморијата ме служеше многу добро и знаев точно каде да се движам години подоцна. Откако ја пројдов на хорор тежина, Nightdive Studios потврдија дека сум првиот во свет што го има завршено тој чин.
Нема зборови со кои можам да опишам како се осетив во тој момент, не само што го задоволив детето во себе си туку и направив чин прв во свет. Бесценето…

8. Дали си имал некоја интересна, смешна или необична случка на работа која би сакал да ја споделиш?
Една многу необична случка која ја имав на работа беше кога еден корисник ме контактираше за да му земам платинум трофеј на Astro’s Playroom PS5 едиција. Нормално тоа е нешто што се прави за половина час и секој би можел да го направи но корисникот сакаше да плати. Кога корисник ќе сугерира некој трофеј да биде завршен кој не е на листа, цената е многу поголема. До ден денес не можам да разберам зошто некој би платил за Astro’s Playroom, но ете луѓе ќе дадат пари за се поради мрзеливост.
9. Што би им порачал на читателите на Комикс и ГГ МК?
Би ви порачал на оние кои гејмате на кој било начин, дали е лефтерно или хардкорд, правете го тоа што вам ве исполнува, секој има различен степен на сатисфакција. Ако вам ве исполнува безразлика за кој жанр станува збор, правете го.
На сите останати ви порачувам, ако во нешто сте вешти да го правите за некоја цена, безразлика што и да е. Секогаш постои начин како да просперирате во она што сте вешти, само што е потребно е многу упорност, дисциплина и она што ќе го наумите да не се откажувате.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО