Се одржа првиот Anhoch Tekken 8 турнир во Македонија!
Анхоч и Комикс МК направија вистински гејминг спектакл на првиот турнир во Теккен 8 во Македонија!
Изминатата сабота гледавме многу надигрувања, спектакуларни Tekken борби, забава, насмевки, дружба и научивме нешто повеќе за самурајскиот стил на живеење! Настанот се одржа во Капитол Мол, а Вие дознајте зошто е толку значаен за нашата гејминг заедница.
Франшизата на тепачки игри Tekken во производство на студиото Namco, датира од далечната 1994 година кога за прв пат дебитирала на Arcade машини за играње, додека пак после една година го доживеала и дебитно на оригиналниот PlayStation.
Токму затоа овој настан претставува генерациски времеплов каде беа присутни постари и помлади генерации, сите дојдени за една цел, следната борба во безвременскиот “Iron Fist Tournament.”
После 9 години чекање (од дебито на Tekken 7) конечно добиваме нов и достоен наслов во оваа франшиза кој доби само пофалби од критичарите и фановите.
Најпрво, повикот за регистрација на 32 натпреварувачи кој беше официјално објавен на 11-ти јануари, се пополни во рекордно време, па токму затоа Анхоч одлучија да ги зголемат натпреварувачките места на 48.
Второ, интересот беше огромен, бројот на посетители кои сакаат да доживеат едно поинакво гејминг искуство ги надмина нашите искрени очекувања.
Натпреварувачите беа свесни дека ги чека можеби најголемиот предизвик досега, елементот на изненадување.
По само еден ден од дебито на Tekken 8, на 27-ми јануари се одржа турнирот во кој натпреварувачите имаа малку време за припрема, па токму затоа сам по себе овој турнир донесе изненадувања и незаборавни моменти кои дефинитивно ќе се паметат.
Дополнително целата програма беше искомбинирана со различен тип на интерактивни и забавни активности.
Имавме прилика да се дружиме со легендарните карактери на Jin и Lili, преку извонредно изработен косплеј од страна на Ива Стојческа.
Како вистинско изненадување се појавија и Tekken љубители со автентични маски и костуми доловувајќи главни карактери од играта.
Посетителите имаа и огромна чест да бидат присутни на премиерното изведување на единствена техника на изворни борбени вештини од страна на Иванчо С.Горјанин сенсеи како дел од TENRYU – BUSHIDO SCHOOL – школата за јапонски изворни борбени вештини и култура. Дополнително и изговарање на јапонски аниме фрази со Chie Nagashima!
За сето ова да биде пренесено на забавен начин се погрижи единствениот Марко Новески.
Анхоч видно возбудени и полни со импресии ни изјавија:
„Заедно со Комикс МК одлучивме да понудиме нешто забавно и уникатно во исто време, пресреќни сме што успеавме да видиме огромен број на насмеани и задоволни лица, секако тоа е најважно кога се организираат ваков тип на настани.
Нашата компанија секогаш се труди да биде во тек со светските трендови, и во овој случај одлучивме да го искористиме токму денот 27ми, односно веднаш после launch day на Теккен 8, која премиерно е достапна само во Анхоч.
Благодариме на сите оние кои не поддржаа, тука се гејминг брендот Genesis како и Coca – Cola, Monster и Rosa.
Пред се благодариме на сите учесници како и на огромниот број на посетители, сето ова се случи поради Вас и ветуваме повторно дружење и гејминг предизивици.”
Се гледаме наскоро!