Се прашувате кој е соодветниот контролер кој нуди неверојатно чувство на комфорт во секој аспект од играта? Тука се Genesis со новите Mangan 300 (жични) и Mangan 400 (безжични) контролери кои нудат извонреден квалитет и додатна вредност за повеќе од прифатлива цена!
Благодарение на Genesis, имавме уникатна можност да ја испробаме новата, подобрена, поефикасна и прецизно дизајнирана верзија на Mangan контролери која ги надмина нашите искрени очекувања.
Компатабилен за PC, Nintendo Switch, Android, Steam Deck и Asus Rog Ally
Достапен во Црна, Бела и Црвена боја
Добивате заштитна футрола
Како и дополнителен декоративен преден-панел
Гумени подлоги на рачките
Копчињата се изработени со помош на Double Injection Technology (како копчињата на поновите тастатури) со цел да се задржи цврстината, трајноста и одржливоста после години непречено играње
15 часа непречено гејмање со едно полнење на батеријата (Литиум-Јонски материјал од 1000 mAh), а доколку не ви е наполнет, го приклучувате со кабел и можете да си продолжите со играње
Максимална оддалеченост за добра конекција до 10 метри
Bluetooth адаптер за PC
Компатабилен за PC, Nintendo Switch, Android, iOS, MAC, Steam Deck и Asus Rog Ally
Достапен во Црна, Бела и Црвена боја
Добивате заштитна футрола
Како и дополнителен декоративен преден-панел
Гумени подлоги на рачките
Копчињата се изработени со помош на Double Injection Technology (како копчињата на поновите тастатури) со цел да се задржи цврстината, трајноста и одржливоста после години непречено играње
Осветлување на копчињата како и на задниот панел со можност да се исклучи
Како сме задоволни од оваа нова и софистицирана серија на GamepadMangan 400?
Држејќи го во раце ни даде некое супериорно чувство на подобрен Xbox контролер, тежината е доста добро балансирана (не е лесен, а ниту тежок), аналогните дршки се дијагонално поставени, а гумената подлога на рачките ни дава мекост и комфорт. Копчињата и задниот панел светат, а тоа ни прави вистинска гејминг атмосфера!
Ретко се среќаваме со алтернативен контролер каде копчињата се стискаат прецизно и цврсто, а со помош на “Double Injection Technology” се овозможува трајност со години нанапред. Аналогните движења се течни без никакво каснење или прекин, има перфектен “Full-Circyle Mapping” кој во споредба со други Third-Party контролери на пазарот има 20% поголема прецизност на аналогните движења, а исто така можете и да си ја наместите сензитивноста според вашите преференци.
Ќе ни верувате ако ви кажеме дека има и “Precision Triggers”? Технологија по која новиот PS5 контролер стана познат, добиваме значаен responsiveness (при возење, пукање, шутирање и слично) и со тоа може со сигурност да кажеме дека гејминг искуството е за класа пореално.
Друг значаен аспект на секој контролер се вибрациите, во Mangan 400 се доста добро интегрирани, пример вибрациите при пукање, кршење, качување во The Last of Us Part I беа одлични, а за тие што не сакаат вибрации или можеби играат видеоигра во која не сакаат да имаат дополнително невниманије, тогаш можат во било кој момент да ги исклучат. Изборот е ваш!
Уште во првиот момент при отпакување, се уверивме дека Genesis ни нуди нешто повеќе од само контролер, а тоа е заштитна футрола од цврст и гумен материјал која е мала и компактна за носење во ранче, ташна па дури и во џеб, а покрај тоа си добивате и екстра декоративен преден-панел!
Нашиот заклучок е дека Mangan 400 го нуди најдоброто од сите генерации на контролери, подобрено чувство на комфорт и дизајн споредбено со контролерите на Xbox, интегрирани технологии на вибрации и притисок како на DualSense контролерот, како и модерно а спеак носталгично чувство (како на Dualshock) на светло кое дава вистински шарм. За доста прифатлива цена, добивате многу повеќе од само еден обичен контролер, добивате прецизност и стил!
Како за крај, разговараме со Бане кој тукушто ги започна својте Fighter-Games денови со Tekken 8 и го користи Mangan 300 контролерот на PC за неговите битки да бидат уште поуспешни!
1. Зошто го одбра брендот Genesis?
Дојде време кога навистина ми требаше нов контролер, се мислев кој да го земам, од брендот Genesis сум имал различни уреди како тастатури и слушалки и сум бил презадоволен од квалитетот и трајноста, но никогаш сум немал контролер од нив па ми беше препорачан од другар кој со години користи Genesis контролери и тука бев убеден дека нема да ме разочара.
2.Што те натера да играш Tekken 8 и кој ти е главен карактер во играта?
Почнувајќи од Tekken 7, омилен карактер ми стана Marshal Law бидејќи го претставува Bruce Lee на кого јас сум огромен фан. Со дебито на Tekken 8, добивме подобрени графики, избор на многу различни карактери, стотици движења, динамични и интересни борби, па токму затоа одлучив малку посериозно да ја започнам мојата Tekken „кариера.“
3.Како си задоволен од твојот нов контролер?
Доста сум задоволен од контролерот, тој е удобен и лесен за користење, до сега сум немал никаков проблем, лично мене ми е подобар за Tekken од DualSense контролерите на PS5 бидејќи многу побрзо ми ги чита командите а ги има и истите одлики при играње, а изгледот и комфортот се чиста 10ка.
4.Дали имаш достигнувања кои би сакал во иднина да ги постигнеш на македонската Гејминг сцена?
Се надевам дека во иднина ќе има се повеќе и повеќе турнири од Anhoch во соработка со Комикс МК, а и повеќе А1 Gamefest-ови. Би сакал повторно да учествувам на некој од турнирите, а исто така покрај Tekken, обожавам да играм Warzone и League of Legends. Најпрво за забава и потоа секако да победам, а со Mangan контролерот се е полесно!