Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокГејмингGenesis со нова ГЕЈМИНГ тастатура - THOR 404 TKL GATERON

Genesis со нова ГЕЈМИНГ тастатура – THOR 404 TKL GATERON

THOR не е само митолошки бог на молњата, тој е и бог на механичките ТАСТАТУРИ од брендот Genesis! Запознајте се со новиот крал на високиот перформанс.

Новата THOR 404 TKL GATERON тастатура е реинкарнација на познатиот и наградуван THOR 303 TKL модел на Genesis, кој во преходната генерација остави апсолутно незаменлив вмечаток во гејминг заедницата.
Сега со комплетно нов дизајн, оваа тастатура нуди врвни технички спецификации, интегрирани технологии и трајност, комплетен производ кој ретко се нуди на пазарот, а сигурно не по прифатлива цена како оваа.
Тастатурата THOR 404 TKL GATERON е достапна само во продавниците на Anhoch, во црна и бела боја.
THOR 404 TKL GATERON – BLACK
THOR 404 TKL GATERON – WHITE
Технички спецификации на THOR 404 TKL GATERON:
  • Жична тастатура со должина на кабел (кој не е фиксен, можете да си го извадите) од 180 cm
  • Димензии на тастатурата: 358x133x38 mm
  • Тежина: 1005 g
  • USB-A приклучок
  • Механички копчиња
  • Наменета за следните оперативни системи: Windows 7, Windows 8, Windows 10, Windows 11 и Android
  • Технологија по која се изработени копчињата: Double Injection
  • Ласерски гравирани ознаки на копчињата кои на пример се неспоредливо поиздршливи од обоени ознаки
  • Тип на поврзувач на копчињата: Gateron Yellow Pro linear switches или Kailh Brown Box tactile switches (зависно од која верзија ќе ја одберете) – Фабрички лубрициларни копчиња со животен век од 60 кај Gateron, односно 80 милиони притискања кај Kailh поврзувачите
  • Дополнително има високо-квалитетно лубрифицирани стабилизатори
  • Како и пена за придушување на звукот лоцирана под плочката на тастатурата
  • Број на копчиња: 87
  • Full N-Key Rollover на сите копчиња, што значи дека во исто време можете да притиснете две или повеќе копчиња и сите команди да бидат регистрирани
  • Растојание за активирање на команда при притискање на копче: 2 mm
  • Можност за брзо и лесно менување на копчињата
  • 5-пински Hot-Swap приклучоци (исто така компатибилна со 3-пински приклучоци) – изработени по MX стандард
  • Добивате и два резервни механички приклучувачи
  • Потребна сила односно тежина за притискање на копче: 50 g
  • Време на одговор по дадена команда на копче: 1 ms
  • Боја на осветлување: RGB
  • Достапни се 18 режими на осветлување
  • Има и софтвер кој овозможува лично приспособување на изгледот и функциите

Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/product/599881050/keyboard-genesis-gaming-thor-404-tkl-hot-swap-mechanical-gateron-yellow-pro-switch-black
А како сме ние задоволни од овој супериорен гејминг производ?
Најпрво да започнеме со дизајнот, правоаголен дизајн кој е едноставен и јасен, во никој аспект не е претеран, RGB светлата се незаменлив атрибут кој придонесува да имаме некоја си “Cyberpunk/Neon” атмосфера, а со 18-те режими на осветлување и со посебниот софтвер кој овозможува лично да си ги распоредите боите и типот на светло, ќе ви донесе задоволство во разновидниот избор. Црната боја ни дава некое си ноќно чувство, додека пак белата боја е нешто освежително кое дефинитивно ќе вибрира со совја униктаност на вашиот гејминг set-up.

Колку е всушност функционална тастатурата?
Можеби ова прашање не го структуиравме добро, не само што функционалноста и е 10/10, туку начинот на изработка, материјалите и технологијата ја прават да биде можеби една од најдобрите механички тастатури на пазарот, во релација со цената која е повќе од прифатлива. Командите се регистрираат во истата стотинка, а Full N-Key Rollover технологијата ни овозможува регистрирање на две или повеќе команди во исто време, што е клучна одлика во повеќето случаи при играње. Притискањето на копчињата е меко а воедно и тврдо (со зборови така можеме најдобро да ви опишеме бидејќи притискањето е перфектно), а високо-квалитетното лубрифицирање на стабилизаторите ги прави копчињата да бидат доста прецизни, исто така клучен дел е тоа што се non-floating key (closed) дизајн, во превод полесни за чистење и подостапни за притискање.

Го почувствуваме и трајниот квалитет на копчињата, во истиот момент при допир се познава кои производи го вклучуваат Double Injection процесот на изработка, бидејќи нема ниту мала поместеност или несоодветно притискање, а дополнително и Gateron Yellow Pro линеарните приклучоци или Kailh Brown Box tactile приклучувачи кои нудат издржливост од неверојатни 60 до 80 милиони притискања. А доколку сакате да промените копче по ваш избор, тоа може да го направите брзо и лесно, тука се Hot-Swap приклучоците (на кои може да се поврзе 3 и 5 пински копчиња), изработени по врвниот MX стандард!

Заклучок!
Новата механичка тастатура на Genesis дефинитивно ги исполни нашите барања (како гејмери), и некомпромисно го истакнува високиот перформанс!
Доколку барате продукт кој ќе ви гарантира трајност, врвна функционалност, едноставен, но погоден дизајн и можност за подесување на амбиент, тогаш сте го направиле правиот избор со THOR 404 TKL GATERON! 
Достапна во продавниците на Anhoch или онлајн на следниот ЛИНК.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО