Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокГејмингGenesis THOR 230 TKL - Богот на гејмерските тастатури

Genesis THOR 230 TKL – Богот на гејмерските тастатури

Во митологијата, како и во Marvel универзумот, Thor е синоним за неспоредлива моќ. А сега со сигурност можеме да кажеме дека истото важи и кога Genesis тастатурите се во прашање!

THOR 230 TKL е најновиот хит кој со својот прекрасен изглед, технички карактеристики и голем број на корисни интегрирани технологии се претставува на сцената како моќна тастатура која значително ќе го подобри вашето гејминг искуство.
Воедно, фактот дека оваа тастатура е финалист на престижните EHA Awards потврдува дека THOR 230 TKL е навистина одличен избор! А сега, ние ќе ви помогнеме за дознаете зошто!
Тастатурата е достапна во продавниците на Anhoch, во црна и т.н. Anchor Grey Negative боја.
Технички спецификации на Genesis THOR 230 TKL:
  • USB-A жично поврзување со кабел долг 160 цм. 
  • „Non-floating“ дизајн кој овозможува стабилност и брзо време на реакција.
  • Димензии на тастатурата: 363x155x39 mm.
  • Тежина: 730 g.
  • Механички копчиња кои благодарение на Hot Swap технологијата може брзо и лесно да се променат.
  • Тастатурата поддржува три вида на приклучоци: Outemu Red, Outemu Brown и Outemu Panda. Истите можат да лесно променети со 3-пински модели од Outemu, Akko и KTT.
  • Тастатурата ја добивате со два дополнителни механички приклучоци, седум дополнителни копчиња и алатка за менување на истите.
  • Животен век на копчињата: 50 милиони притискања. Доколку едно копче престане да функционира, истото може да се промени независно од другите.
  • Пена за придушување на звукот лоцирана под плочката на тастатурата како и дополнително придушување на „Space“ копчето.
  • Број на копчиња: 87.
  • Високо-квалитетно лубрифицирани стабилизатори.
  • Растојание за активирање на команда при притискање на копче: 1.8 mm кај Outemu Brown и 2 mm кај Outemu Red и Outemu Panda приклучоците.
  • Време на реакција: 1 ms.
  • Потребна сила односно тежина за притискање на копче: 45 g.
  • Технологија со која се изработени копчињата: Double Injection.
  • Материјал од кој се изработени копчињата: ABS.
  • RGB осветлување со широк спектар од дури 16 милиони бои.
  • Софтвер кој овозможува  приспособување на изгледот и функциите по ваша желба.
  • Персонализирано Prismo Effect™ осветлување кое нуди 25 различни режими на светлина како брановидна, еднобојна, индивидуална или пак таква што се менува согласно звуците од уредот каде тастатурата е приклучена.
  • Кога веќе зборуваме за уреди, THOR 230 TKL можете да ја користите на PC, PS5, PS4, Xbox Series X | S и Xbox One X | S. Сепак, функционалноста зависи од тоа дали видеоиграта поддржува тастатури.
Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products/keyboard-genesis-gaming-thor-230-tkl-hot-swap-mechanical-red-switch-rgb-anchor-grey-negative-1865
Какво е нашето искуство со THOR 230 TKL?
Да започнеме со тоа кое сите прво го приметуваат – дизајнот. Јасно се гледа дека со THOR 230 TKL, Genesis го подигнале изгледот на нивните тастатури на едно повисоко ниво кое нас навистина не фасцинираше. Така, со комбинирање на вистинските, мали детали, оваа тастатура дава чувство на професионалност и висок квалитет.
Си поигравме со софтверот и Prismo Effect™ осветлувањето и испробавме огромен број на режими од кои индивидуалното осветлување ни беше омилено. Сепак, сите имаа една заедничка карактеристика: предизвикаа да се чувствуваме непобедливо (дури и кога се боревме против Malenia на Elden Ring).
Забавата не застана тука затоа што направивме одлична комбинација на два врвни продукти од Genesis и користејќи ги одличните Toron 531 слушавме музика со специјалниот режим на осветлување каде THOR 230 TKL беспрекорно ги следеше сите тонови, пружајќи ни едно ново, премногу интересно искуство.
Со што THOR 230 TKL се издвојува од останатите тастатури?
Од функционална гледна точка, THOR 230 TKL има многу да понуди, и верувајте, сето тоа значајно се чувствува во сите видеоигри, а поготово во компетитивните. Без разлика кои приклучоци ги користите, тастатурата нуди перфектна удобност на користење која заедно со брзото време на реакција гарантира непрекината забава и одличен перформанс (посебно во игри како Fortnite, Valorant и Call of Duty: Warzone).
Воедно, високо-квалитетното лубрифицирање на стабилизаторите придонесува за перфектна прецизност, а прекрасниот non-floating key (closed) дизајн пружа поголема достапност за притискање и овозможува полесно чистење на копчињата – нешто што е многу важно за одржување на оптималната функционалност кај која било тастатура.
Genesis THOR 230 TKL е европски признаена тастатура! 
На овогодишниот European Hardware Association (EHA) Awards настан ќе бидат објавени резултатите од гласањето за најдобар хардвер во повеќе категории. И погодете што? Genesis THOR 230 TKL е во тесна конкуренција да го добие признанието за Best Value Peripheral.

За тие кои не се запознаени, кога станува збор за фер и детално одбирање на најдобар хардвер, EHA наградите веќе десет години се на врвот во Европа. Така, со цел сите учесници да бидат правилно оценети, во предвид се зема мислењето на над 100 високо признаени новинари од светот на технологијата како и тоа на над 20 милиони фанови ширум светот.

EHA веќе ги има резултатите, а тоа дали Genesis THOR 230 TKL ќе се закити со ова признание ќе дознаеме на 3-ти јуни оваа година.
Заклучок!
Ако си вистински гејмер, знаеш дека сè што на еден љубител на видеоигрите му е потребно е продукт коj има врвен квалитет и нуди исто таков перформанс.
Со THOR 230 TKL не само што го добиваш тоа, туку и многу повеќе. Оваа тастатура има дизајн кој ќе се вклопи на секоја маса,  функционалност која нуди персонализирано искуство и безброј детали кои ќе се погрижат истото да е на високо ниво. И најдоброто? Се ова доаѓа за многу прифатлива цена!
Genesis THOR 230 TKL е достапна во продавниците на Anhoch.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО