Денес е петок, 18 октомври 2024
ПочетокГејмингGenesis Zircon XIII е конечно тука - Дознајте зошто ова е најнапредниот...

Genesis Zircon XIII е конечно тука – Дознајте зошто ова е најнапредниот маус на пазарот

Genesis го прослави својот 13-ти роденден со стил и ги почасти фановите со маус каков што секој гејмер заслужува!
Запознајте го Genesis Zircon XIII, вашиот нов верен партнер во секое гејминг искуство. Со својот едноставен и удобен дизајн, безброј можности за персонализација и перформанс од светска класа, овој маус значително се двои од својата конкуренција, а и во голема мера ќе помогне и Вие да се одвоите од вашата.
Genesis го опишува како еден од најнапредните мауси на пазарот. Ние се сложуваме, а веруваме дека и Вие набрзо ќе го делите истото мислење!
Производот е достапен во продавниците на Anhoch, во црна и бела боја.

Технички спецификации на Genesis Zircon XIII:
  • Два начини на поврзување: жично со Paracord USB-C кабел и безжично со RapidSpeed™ 2.4 GHz технологија.
  • Димензии: 119 x 92 x 60 mm.
  • Тежина: 77 g. 
  • Максимална резолуција: 26000 DPI. 
  • Број на копчиња: 7.
  • Домет при безжично користење: 10 m. 
  • Животен век: 80 милиони притискања. 
  • Го содржи Pixart PAW3395, еден од најдобрите гејминг сензори кој овозможува прецизно пратење на вашите движења во секој момент. 
  • Motion Sync технологија со која секое движење ќе биде брзо и точно регистрирано. 
  • Батерија од 600 mAh, доволна за 100 часа непрекинато безжично користење.
  • Play & Charge – опција која овозможува да го користите маусот додека истиот се полни.
  • TTC Gold енкодер чија цел е гарантирање на беспрекорна прецизност на тркалото.
  • Разновидна персонализација, благодарение на Hot Swap технологијата и деловите кои доаѓаат заедно со маусот.
  • Три различни сетови на механички приклучоци (Kailh 8.0/Kailh 4.0/Huano Silent) кои може лесно и брзо да се променат.
  • Два дополнителни федери (15 g и 25 g) со кои се менува силата потребна за притискање на копчињата.
  • Четири сетови на разделувачи (0,4 mm/0,5 mm/0,6 mm/0,7 mm) кои значително ги менуваат чувството при притискање на копчињата и т.н. pre-travel време.
  • Два горни панели со кои се менува формата на маусот што понатака придонесува за подобрување на удобноста.
  • Еден комплет од anti-slip налепници кои се особено добредојдени во овие топли денови.
  • Копче за брзо преминување од жично во безжично поврзување како и копче за менување и исклучување на амбиенталното светло.
  • Софтвер кој овозможува дополнително адаптирање на маусот со вашиот вкус и цели.

Во продажба на селдните линкови:
Во бела боја – https://www.anhoch.com/products/mouse-genesis-wireless-gaming-zircon-xiii-26000dpi-rgb-customizable-white-2374
Во црна боја – https://www.anhoch.com/products/mouse-genesis-wireless-gaming-zircon-xiii-26000dpi-rgb-customizable-black-2375
А како сме ние задоволни од овој производ? 
За почеток, се разбира, зборуваме за едноставниот дизајн кој го нуди тоа што навистина е потребно – врвен комфор и чувство на професионалност при секојдневно користење за било која цел. Сепак, ние ќе се задржиме на гејмингот и со задоволство ќе кажеме зошто Zircon XIII е навистина еден од најнапредните мауси на пазарот.

Маусот го тестиравме на различни видеоигри и подобрувањето на перформансот беше кристално јасно, а сето тоа е благодарение на Pixart PAW3395 сензорот и MotionSync технологијата кои се апсолутните ѕвезди на ова шоу наречено „Гејминг од соништата“.

Прецизноста и брзината со која Zircon XIII го регистрира секое движење значително помага во безброј случаеви кои се често присутни во гејмингот, било тоа брзо движење со цел да се изведе т.н. quick scope или пак навремено parry во видеоигри како Sekiro: Shadows Die Twice и Ghost of Tsushima (која пред само неколку недели дебитираше за PC и моментално ни е омилен наслов).
Што всушност го прави Genesis Zircon XIII толку напреден? 
Преферирате притискања кои ќе овозможат бесшумно користење на маусот? А можеби сакате секое притискање да биде нагласено со класичниот „клик“ звук и за истото да не е потребна голема сила? Без грижи, Zircon XIII ќе се адаптира на вашите потреби. Сега, откако ги направивме овие промени, маусот можеби ви изгледа малку висок и истиот се лизга додека го држите? Повторно, без грижи – Zircon XIII ќе се приспособи на Вас.

Знаеме колку потрагата по идеален маус може да биде напорна бидејќи не секогш овие уреди ги задоволуваат индивидуалните потреби на гејмерите. Некогаш формата е одлична, но приклучоците не се по ваш вкус. А некогаш, пак, се соочувате со комплетно спротивното. Сепак, иако потрагата е напорна, пронаоѓањето на перфектен маус не е невозможно, а Genesis Zircon III е тука за да го потврди истото.

Заклучок!
Креирајќи го овој маус, Genesis тргнале со две јасни цели: да создадат продукт кој ќе ги задоволи сите потреби на корисниците и секако, да го прослават својот 13-ти роденден на највисоко ниво.
Со својата супер-напредна, но многу едноставна персонализација и нивото на перформанс што го нуди, Genesis Zircon XIII се претстави на сцената како перфектниот маус за секој гејмер. И токму оваа комбинација е тоа што нас ни остави најголем впечаток и ги потврди зборовите на Genesis. Zircon XIII е навистина еден од најнапредните мауси на пазарот.

Сепак, има една маана поради која можеме да се сложиме дека Zircon XIII не е најнапредното глувче. А тоа е дека, за разлика од Ratatouille, ова глувче не знае да готви.
Genesis Zircon XIII е достапен во продавниците на Anhoch. 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО