Денес е недела, 8 септември 2024
ПочетокГејмингRadium 350D - првиот динамичен микрофон на Genesis

Radium 350D – првиот динамичен микрофон на Genesis

Запознајте го Radium 350D – првиот динамичен микрофон на Genesis, перфектен за секој гејмер, подкастер и стример.

Во потрага сте по микрофон кој ќе го подобри квалитетот на комуникацијата помеѓу Вас и вашите соиграчи во компетитивните видеогири? А, можеби сакате да пробате како е да сте стример или да снимате поткаст? Genesis Radium 350D е тоа што ви треба.
Со професионален дизајн, перфектна комбинација на врвни компоненти и технички спецификации кои нудат висококвалитетна функционалост без разлика на условите во кои снимате, Radium 350D е производ на кој тешко може да се одолее.
Genesis Radium 350D е достапен во продавниците на Anhoch, во прекрасна мат-црна боја.
Технички спецификации на Genesis Radium 350D:
  • Тип на микрофон: динамичен.
  • Кардиоден микрофон.
  • Жично поврзување со USB 2.0 Type-A или USB 3.0 Type-C приклучок.
  • Микрофнот е направен од метал. 
  • Микрофонот е наменет за следниве уреди: PC и Mac. 
  • Димензии: 85 × 85 × 200 mm
  • Тежина: 639 g.
  • Должина на кабел: 250 cm.
  • Микрофонот пристигнува со држач.
  • Tripod thread 5/8″ кој овозможува лесно поврзување со сталки.
  • Можност за нагодување на осетливоста на микрофонот и целосно исклучување на истиот.
  • Нема можност за осветлување на микрофонот.
  • Прием на звук од една насока (unidirectional). 
  • Фреквенција: 60 – 14000 Hz
  • Осетливост: -48 dB
  • Максимален т.н. sampling rate: 192kHz/24-bit 
  • Можност за менување на аголот под кои стои микрофонот.
  • Вграден пенест филтер кој овозможува чист звук.
  • Микрофонот овозможува мануелно нагодување на јачината на звукот. 
  • LED светло кое дава информации за моменталната состојба на микрофонот т.е. дали звукот е исклучен или не.   
Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products/microphone-gaming-genesis-radium-350d-studio-for-streaming-2360
Каков впечаток ни остави овој микрофон? 
Материјалите од кои е изработен заедно со прекрасната мат-црна боја на Radium 350D му даваат професионален дизајн кој беспрекорно се вклопува во било која просторија – баш како што еден врвен гејминг односно стриминг микрофон треба да изгледа.
Сепак, овој изглед треба да биде поткрепен со врвен перформанс, нели? Без грижи, со Radium 350D, Genesis создале комплетен производ кој пријатно ќе Ве изненади.
Фактот што ова е кардоиден и динамичен микрофон гарантира регистрирање само на потребните звуци и елиминирање на тие кои доаѓаат од страна. Дополнително, со својата фреквенција од 60 до 14,000 Hz, звукот кој го произведува е чист и висококвалитетен, па така, фактот дека ќе бидете омилени помеѓу вашите соиграчи е загарантиран.
Микрофонот го тестиравме во различни соби и услови каде тој секогаш го понуди најдоброто, а тоа е врвен и професионален звук. Без разлика дали ќе го користите за комуникација, streaming или можеби за снимање поткасти, Radium 350D е производ кој вреди да го поседувате.
Зошто Genesis Radium 350D е одличен избор за секој гејмер? 
Најдобрата карактеристика на новиот микрофон на Genesis е тоа што тој беспрекорно комбинира одлични детали, почнувајќи од техничките спецификации како фреквенцијата и осетливоста, па се до начинот на кој е составен и специјалните делови кои ги поседува.
Нешто што би сакале да одвоиме е Foam филтерот вграден во микрофонот. Овој мал, но многу важен дел во голема мера придонесува за звукот, елиминирајќи ги тие т.н. „popping“ звуци карактеристични за овие уреди. Дополнително, со ова се елиминира потребата од надворешен поп-филтер кој според многумина го огрубува изгледот на микрофонот и — уште поважно — на целиот гејминг setup.
И за крај, сите овие карактеристики се пропратени со одлична функционалност и едноставно нагодување на позицијата на микрофонот, придонесувајќи за едноставно и персонализирано користење на Radium 350D.
Заклучок!
Genesis уште еднаш ја покажа способноста да дизајнира еден ваков висококвалитетен гејминг производ кој изгледа одлично, функционира беспрекорно и е достапен по одлична цена – нивна специјалност.
Така, со Genesis Radium 350D секој сериозен љубител на видеоигрите добива уред кој значително ќе му помогне во гејмингот и кој можеби би послужил како голема мотивација за започнување на една стриминг или поткаст авантура.
Ние веќе се мотивиравме и со големо задоволство можеме да ве поканиме на нашата стриминг авантура каде спојувајќи ги силите со Genesis и Anhoch, им носиме на македонските фанови нешто во кое тие ќе уживаат. Придружете ни се, бидејќи ќе стримаме од се по нешто, а можеби и се.
Genesis Radium 350D е достапен во продавниците на Anhoch.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО