Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокГејмингGenesis Seaborg 400 - Воланот со кој ќе се чувствувате како професионален...

Genesis Seaborg 400 – Воланот со кој ќе се чувствувате како професионален возач

Моторот работи со полна пареа, асфалтот е топол, се слуша чкрипењето на гумите… Сѐ што недостасува е волан кој ќе го донесе ова чувство во вашата гејминг соба.

Секој љубител на автомобилите и видеоигрите кои симулираат тркање е свесен за исклучителната важност на добар волан, а Seaborg 400 е убедливо еден од најдобрите.
Со професионален дизајн, можности за сопствено подесување на контролите и технички карактеристики кои го збогатуваат целокупното тркачко искуство, Genesis Seaborg 400 се наметнува на гејминг сцената како продукт на кој тешко може да се одолее.
Воланот е достапен во продавниците на Anhoch, во црна боја.

Технички спецификации
  • USB-A жично поврзување и mini jack 3.5 mm аудио излез.
  • Должина на кабел: 200 cm. 
  • Димензии на воланот: 350x290x110 mm.
  • Тежина: 2290 g.
  • 15 копчиња од кои 8 може да се приспособуваат зависно вашите потреби.
  • Можност за приспособување на максималната ротација на воланот од 270° до 900°.
  • Dual Vibration систем кој ќе допринесат за реалистично возачко искуство.
  • Издржливи метални педали.
  • Воланот функционира на X-Input и D-Input модови.
  • Компатибилност со сите PC уреди со инсталиран Windows XP, Vista, 7, 8, 10 и 11.
  • Компатибилност со следните конзоли: Xbox 360 (во овој случај е потребен и оригинален жичен гејминг контролер), Xbox One, Nintendo Switch, PlayStation 3, и PlayStation 4.
  • Воланот доаѓа со посебни алатки со кои истиот може да се прицврсти за секоја гејминг маса или цврста површина по избор. 
Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products/steering-wheel-genesis-seaborg-400-for-pcps4ps3xbox-one360nintendo-switch-gaming-0883

Какво е нашето искуство со Genesis Seaborg 400?
Од моментот кога го поставивме Seaborg 400 на нашата гејминг маса, знаевме дека ова не е некој обичен волан. Неговиот перфектно изработен дизајн од врвни, внимателно одбрани материјали и идеален број на копчиња придонесува не само за добриот изглед, туку и за професионалното чувство кое нѐ телепортираше во светот на трките.

Освен беспрекорниот квалитет и изглед на воланот, позитивно нѐ изненадија и педалите кои се изработени со една главна цел: издржливост која придонесува за автентично тркачко искуство. И секако, мораме да ги споменеме и вибрациите кои се последната, но еднакво важна карактеристика поради која ќе се чувствувате како навистина да сте зад воланот и сте главната ѕвезда во Gran Turismo, Dirt или Forza Horizon.
Карактеристики кои го прават Genesis Seaborg 400 посебен
Genesis е компанија која добро ги познава гејмерите, константно дизајнирајќи продукти кои содржат сѐ што еден љубител на видеоигрите може да посака. Така, водејќи се по тоа дека секој возач има свој стил со кој цели кон победа, Seaborg 400 е опремен со корисни опции за костумизација фокусирана на ротацијата на воланот и копчињата на истиот.

Пред вистински да го испробаме воланот ги поставивме нитрото и кочниците на посакуваните копчиња, добро го прицврстивме со помош на додатните алатки и уживавме во високо адреналинските трки на Need for Speed: Heat. Воедно, како големи фанови на Test Drive Unlimited видеоигрите, со нетрпение чекаме да уживаме во новиот наслов кој се очекува да дебитира во септември оваа година.
А како овој волан функционира на Nintendo Switch?
Под силни импресии од прекрасното отворање на Anhoch Discovery во Ramstore Mall каде си поминавме феноменално играјќи многу видеоигри меѓу кои и Mario Kart, Seaborg 400 го испробавме и на Nintendo Switch. Резултатот? Извозевме вкупно 5 различни трки и не дознавме што е тоа пораз. Воланот функционираше одлично и го подигна нашето целокупно искуство на едно сосема ново ниво.

Заклучок!
Вистински гејмер е оној што знае да ужива во сите видеоигри – од акционите RPG наслови како Elden Ring до тие кои симулираат автомобилски трки или возење камиони. А вистинските љубители на трките и камионите знаат дека квалитетниот волан е тајната за победа и реалистично возачко искуство.

Така, кога ќе се земат предвид квалитетот, можностите кои ги нуди како и неговата цена, Genesis Seaborg 400 е вистинскиот избор за овие видеоигри. А, зошто да не го испробате и на Elden Ring? Сигурно некој веќе успешно се соочил со предизвиците на овој огромен хит на FromSoftware играјќи на волан.
Звучи интересно. Што мислите, да го предизвикаме ли Clesny да го направи ова на некои од идните стримови на Twitch?
Genesis Seaborg 400 е достапен во продавниците на Anhoch.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО