Добро составен компјутер и врвни тастатура и маус се нешто на кое прво се фокусираме при креирање на нашето ново гејминг катче. Сепак, за максимално уживање недостасува еден многу важен дел – удобно столче.
А има ли подобар избор од Genesis TRIT 600? Ова столче не само што ќе се погрижи Вие да се чувствувате удобно при играње видеоигри, работење или пак гледање филмови и видеа – тоа воедно ќе служи и како прекрасен естетски детал во вашата соба.
Со својот модерен дизајн, начин на изработка, ергономска фигура и неверојатните RGB светла, TRIT 600 е столче кое ќе се вклопи секаде и без разлика што тоа нема да го зголеми вашиот FPS, сигурни сме дека истото во голема мера ќе го подобри вашето гејминг искуство.
Genesis TRIT 600 е достапно во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации
-
Материјал од кои се направени делот за потпирање и за седење: Еко-кожа и ткаенина.
-
Материјал од кои се изработени ногарките и тркалата: синтетичка пластика (најлон).
-
Големина на тркалата: 60 mm.
-
Материјали користени во конструкцијата: дрво и метал.
-
Столчето доаѓа со две перничиња: едно кое служи како потпирач за главата и едно кое дава потпора на долниот дел од грбот.
-
Тип на потпирачи за раце: 1D. Овој тип овозможува приспособување само на висината на потпирачите.
-
Висината на потпирачите може да варира од 27 до 34.5 cm.
-
Висина на седиштето: 44.5 – 52.5 cm
-
Делот за потпирање може да се спушти до агол од 150 °.
-
Столчето содржи и можност за лулање.
-
Butterfly механизам.
-
Class 4 gas lift механизам.
-
RGB осветлување со 300 различни модови кое функционира со помош на power bank кој не доаѓа заедно со столчето.
-
Седиштето е со длабочина од 49.5 cm, ширина од 53 cm на целото и 37.5 cm на внатрешното седиште.
-
Делот за потпирање е висок 82 cm и широк 55 cm, а внатрешниот дел е широк 32.5 cm.
-
Висината на целото столче може да варира помеѓу 124 – 132 cm.
-
Столчето е тешко 18 kg.
-
Препорачана висина на корисник: 160 – 195 cm
-
Максимална препорачана тежина на корисник: 150 kg.
Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products/gaming-chair-genesis-trit-600-rgb-8158
Што нас најмногу ни се допадна кај Genesis TRIT 600?
Удобноста е број еден карактеристика на која обрнуваме внимание кога одбираме столче на кое планираме да поминеме подолго време. Тука спаѓа ергономскиот дизајн заедно со перничињата, материјалите од кои столчето е изработено како и функциите кои овозможуваат тој комфор дополнително да се подобри. Свесни сме дека не сите столчиња го содржат сето ова, ама без грижи – Genesis TRIT 600 не е само обично гејмерско столче.
Ова столче нуди идеална потпора за вашиот грб со што ќе можете максимално да се фокусирате на вашите видеоигри или работа. Меката пена под седиштето, функциите за подесување на потпирачот за грб, како и еко-кожата и ткаенината кои го минимализираат потењето го комплетираат веќе удобниот дизајн на столчето и прават истото значително да се одвои од својата конкуренција.
А нашиот омилен дел? Лулањето. Верувајте, не можевме да престанеме да уживаме.
RGB осветлувањето како една од најдобрите карактеристики на Genesis TRIT 600
Дизајн фокусиран на удобност? Има. Дополнителни функции кои ја подобруваат таа удобност? Секако. Одлично, значи ништо друго не му е потребно на ова гејмерско столче. Освен RGB осветлување, можеби?
Иако ова столче на Genesis би било перфектно и без осветлувањето, сите можеме да се согласиме дека токму тој детал е она што го прави TRIT 600 посебно. Ние имавме можност да го видиме во професионално опремена гејмерска соба и искусивме како е да се игра седејќи на истото, па затоа можеме со сигурност да Ви кажеме дека RGB осветлувањето на TRIT 600 е фантастично!
Светлата се поставени под материјалите од кои е изработено столчето и нудат можност за широк избор кои брои 300 различни опции. Така, секој од Вас може да го искомбинира столчето со останатата гејминг опрема и да ја претвори својата соба во простор полн со бои и амбиент каков што ретко се наоѓа.
Која е разликата помеѓу Genesis TRIT 600 и Genesis TRIT 500?
Доколку сте по потрага по гејмерско столче, големи се шансите да сте веќе запознаени со овие два слични модели на Genesis. Единствената разлика помеѓу двете столчиња е тоа што малку поевтиниот TRIT 500 модел може да издржи максимална тежина од 120 kg, има тркала кои се за 10 mm помали од тие на TRIT 600 и неговиот gas lift систем е од трета класа.
Согледувајќи ги овие разлики, заклучокот кој можеме да го извлечеме е дека Genesis TRIT 600 е поиздржлив и гарантира подобра стабилност. Сепак, двете гејмерски столчиња се одлични и сите добри зборови за TRIT 600 важат и за TRIT 500. Изборот е ваш!
Заклучок!
Можете да ги имате најдобрите графичка карта и процесор, најдобриот монитор и сите останати врвни компјутерски компоненти, но вашето целокупно гејминг искуство нема да биде комплетно без столче кое ќе ви ја овозможи потребната удобност за максимално да уживате во перформансот кој тие компоненти го нудат.
Доколку досега се прашувавте кое е идеалното гејмерско столче што за многу прифатлива цена ќе го понуди тој комфор – како и многу повеќе – се надеваме дека Ви помогнавме да го направите правилниот избор. Genesis TRIT 600 е столчето за Вас!
Genesis TRIT 600 е достапно во продавниците на Anhoch.