Денес е понеделник, 16 септември 2024
ПочетокГејмингGenesis Nitro 550 G2 - Синоним за комфор и прекрасен дизајн

Genesis Nitro 550 G2 – Синоним за комфор и прекрасен дизајн

Гејминг столче со силна конструкција и уште поголем комфор. Звучи невозможно? Не кога Genesis Nitro 550 G2 е во прашање!

Секој гејмер сака компјутер на кој ќе може да ужива во своите омилени видеоигри, но знае и дека квалитетно гејмерско столче е нешто без кое ова е невозможно. Затоа веќе добро докажаниот тим на Genesis се погрижи да ги создаде овие услови, понудувајќи го Nitro 550 G2 како столчето на кое вистински ќе се опуштите.
Изработен со цел комфорот и дизајнот да бидат перфектно искомбинирани, Genesis Nitro 550 G2 се поставува на пазарот како столче кое освен гејмерите, ќе воодушеви и многу поголем број на луѓе кои се подготвени да искусат едно сосема ново ниво на удобност.
Genesis Nitro 550 G2 е достапно во продавниците на Anhoch, во црна и сива боја и сега е на BACK TO SCHOOL акција!

Технички спецификации
  • Седиштето и делот за потпирање се изработени од еко-кожа и ткаенина која овозможува добар проток на воздух.
  • Ногарки изработени од метал. 
  • Тркала со големина од 60 mm, изработени од најлон обложен со CareGlide – материјал со кој вашиот под е заштитен од гребење.
  • Конструкцијата е изработена целосно од метал. 
  • Зголемена удобност со перничиња за главата и долниот дел од грбот. 
  • Можност за 1D нагодување на висината на потпирачите за раце од 26.5 cm до 33.5 cm. 
  • Висината на седиштето може да се нагодува од 46.5 cm до 53.5 cm.
  • Делот за потпирање се спушта до агол од 135 °. 
  • Можност за лулање. 
  • Butterfly механизам. 
  • Class 4 gas lift. 
  • Седиштето е со длабочина од 50 cm, ширина од 53.5 cm на целото и 40 cm на внатрешното седиште.
  • Делот за потпирање е висок 83.5 cm и широк 57 cm, а внатрешниот дел е широк 32.5 cm.
  • Висина на целото столче: 127.5 – 134.5 cm. 
  • Тежина на столчето: 18 kg 
  • Препорачана висина на корисник: 160 – 195 cm.
  • Максимална препорачана тежина на корисник: 150 kg. 

Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products?query=nitro+550+g2&categories=&brand=&attribute=&toPrice=274980&inStockOnly=2&sort=relevance&perPage=20&page=1

Нашите омилени карактеристики кај Genesis Nitro 550 G2
Благодарение на модерниот дизајн кој е перфектно нагласен со употребата на еко-кожа и ткаенина, Genesis Nitro 550 G2 е конструиран така да може да се вклопи во секоја соба. Без многу нагласени бои, ергономска фигура и безброј можности за приспособување на комфорот, овој стол станува омилен меѓу сите кои секојдневно користат компјутер.

Кога материјалите се во прашање, мораме да ја издвоиме ткаенината која овозможува постојан проток на воздух, оневозможувајќи потење и неудобност. Дополнително, таа обложува специјален вид на пена која не ја губи формата при долготрајно седење, гарантирајќи долготраен комфор и издржливост.
Начини на кои Genesis Nitro 550 G2 се грижи за вашата удобност 
Nitro 550 G2 е прилично голем гејмерски стол каде голем број на луѓе можат навистина комфорно да се сместат. За овој комфор да биде уште понагласен, тука се и приспособување на висината седиштето и потпирачите за раце како и аголот на потпирачот за грб. И секако, за сѐ ова да биде перфектно, Genesis додале еден мал, но многу важен детал – перничињата за потпирање на вратот и долниот дел на грбот.

Освен што еден гејмерски стол треба да содржи што повеќе дизајнерски карактеристики и технички спецификации кои се погрижуваат за висока удобност, ништо од тоа не е важно доколку недостасува висококвалитетна конструкција. Со својата целосна метална изработка, Nitro 550 G2 го нуди токму тоа и гарантира стабилност и долготрајност – две важни карактеристики кои овој стол го прават инвестиција која вреди.
Заклучок!
Понекогаш звучи нереално едно столче да содржи сè што на гејмерите им е потребно, од удобност до изглед и технички карактеристики. Сепак, Genesis не знаат за фантазија и се тука секој сон на гејмерите да го направат реалност – како што е случајот со Genesis Nitro 550 G2.

Иако можеби не спаѓа во највисоката категорија на столчиња, Nitro 550 G2 не е ништо помалку од перфектно. Со својот квалитет и дизајн, материјалите кои се користени за неговата изработка и гарантираната долготрајност, ова столче ќе направи да се запрашате дали неговата многу пристапна цена е реална. Сепак, знаејќи дека Genesis не знаат за фантазии, мислиме дека одговорот е очигледен.
Во продажба на следните линкови: 
Во црна боја – https://www.anhoch.com/products/gaming-chair-genesis-nitro550-g2-black-0397 
Во сива боја – https://www.anhoch.com/products/gaming-chair-genesis-nitro550-g2-gray-1076

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО