Заборавете на монотониот дизајн и освежете ја вашата тастатура со прекрасните Lead 300 – новите must-have копчиња на Genesis.
Доколку сте во потрага по копчиња за вашата механичката тастатура бидејќи истите почнуваат да се бришат (поготово WASD копчињата) или едноставно сакате да го промените здодевниот изглед со нешто посветло, Genesis Lead 300 се тука за Вас.
Копчињата се достапни во шест бои, нудат висока издржливост и го запазуваат секој можен детал кој е важен за еден гејмер. Ова не се само копчиња, туку се додаток кој ќе го подигнe вашето гејминг искуство на едно ново ниво и освен тастатурата, ќе Ви ја разубави целата соба.
Genesis Lead 300 се достапни во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации:
-
Создадени за гејмери.
-
Распоред на копчињата: US со ANSI-ISO стандард.
-
Профил на копчиња: OEM.
-
Број на копчиња: 112.
-
Вклучени се и копчиња за мултимедија.
-
Материјал: ABS.
-
Технологија на печатење: Double injection.
-
Достапни во минт, розева, виолетова, сива, темносина и портокалова боја.
-
Вкупна тежина на копчињата: 122 g.
Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products?query=Genesis+Lead+300&categories=&brand=&attribute=&toPrice=274980&inStockOnly=2&sort=relevance&perPage=20&page=1
Најдобрите карактеристики на Genesis Lead 300
Самиот дизајн и изборот на бои се најважните фактори на кои секој гејмер обрнува внимание кога одбира нов сет на копчиња за својата тастатура. Сепак, кога Genesis Lead 300 се во прашање, се јавува еден проблем, а тоа е дека со изборот од шест перфектни нијанси многу е тешко да се одлучите само за една. Секоја боја изгледа феноменално и ја буди желбата да ги поседувате сите. Така, по долго размислување, ние се одлучивме за минт нијансата и сме многу задоволни со нашиот избор.
Понатака, секој вистински гејмер знае дека не е сè во дизајнот, па при изборот на нов сет на копчиња се задржува и на најситните детали кои делуваат како на изгледот, така и на целокупното гејмерско искуство. Детали како чувството кое копчињата го даваат при допир, начинот на кои се изработени и издржливоста се од исклучителна важност за овие гејмери. И со право, затоа што ова многу менува.
Што ги прави Genesis Lead 300 посебни?
Кога веќе зборуваме за тие мали, но исклучително важни детали, да погледнеме што точно нудат Genesis Lead 300. Ќе започнеме со издржливоста. Знаеме дека по подолго користење, текстот на просечните копчиња почнува да се брише, давајќи ефект на стара и непривлечна тастатура. Lead 300 се далеку од просечни и се создадени со т.н. double shot технологија која – за разлика од ласерската – гарантира долготрајно непроменет изглед на копчињата. Исто и OEM Profile типот на копчиња со малку цилиндрична форма која овозможува многу поудобно чуство при гејминг.