Благодарение на посветените дечки од Anhoch и CD Media, нашиот стример Николај (Clesny) имаше можност да го искуси новиот хорор-remake наслов Silent Hill 2 заедно со Вас на нашиот Twitch канал Orozz TV.
ТУКА може да го погледнете нашиот Silent Hill 2 run и да уживате во гејмплејот и разговорите со стримерот и гледачите.
А подолу можете да ја прочитате оваа мини-рецензија од кој друг ако не Николај – Страстен љубител на хорор игри.
„Silent Hill 2 e перфектен remake кој би го сместил во истата кошничка со Resident Evil 4 и Dead Space.“ – Николај
1. Приказна:
Silent Hill 2 е добро препознатлива како најдобриот психолошки хорор, во кој ја следиме приказната на еден многу комплексен протагонист, James Sunderland. Приказната е феноменална и ни пружа 8 краеви. Лично успеав до сега да завршам само 1 крај до моментов на пишување на оваа мини рецензија, но едвај чекам да ги завршам сите краеви. Во овој remake има многу easter eggs кои се поврзани со оригиналната игра, за тоа нема да зборувам многу ќе оставам сами да си видите.
2. Гејмплеј
Гејмплејот е фантастичен, имате избор дали ќе играте на лесно, регуларно или тешко ниво, односно која тежина да ја има комбатот, но исто така имате опција и за тежина на загатките. Во remake-от додадена е можност и за ретро interface, доколку сакате да го задржите оној класичен стил и всушност целиот interface да ви биде сокриен. Не се грижете ако играте на ретро, бидејќи девелоперите Bloober имаат направено индикатори доколку има нешто во ваша близина; на пример James ќе гледа кон некоја специфична локација.
3. Технички Аспект
Единствената лоша работа на овој remake е техничкиот дел, има моменти како последниот boss, пример ако те удри следните 2-3 удари не можете да ги одбегнете затоа што анимацијата на recovery на James е подолга него ли ударот што следува така што ќе добиете низа на удари.
Перформансот на Playstation5 на одредени моменти паѓа и на 50 FPS и има motion blur кој за жал нема опција да се изгаси. Оние кои што имате motion sickness ќе имате многу голем проблем во овој remake. Аудиото е извонредно и детално изработено, секој звук ќе ве наежи!
4. Финални зборови
Silent Hill 2 е извонреден remake кој е премногу близок со оригиналната игра, би рекол 1:2, некои работи се сменети и додадени, некои работи се перфектно преточени од оригиналната, дури би рекол има аспекти кои се подобри од оригиналот. Од мене толку, јас одам да земам платинум трофеј за ова ремек дело.