Подготвени за лесна загатка? Мал, лесен, удобен, функционален и водоотпорен. Што е тоа? Тоа е Genesis Pallad 420 – новиот ранец на Genesis и Вашиот нов омилен додаток.
Со одличен изглед, огромен број на џебови каде што можете да складирате што и да посакате и загарантирана безбедност за вашиот лаптоп, книги или таблет, овој ранец е нешто што му е потребно на секого, а поготово на гејмерите.
Изработен од цврсти и водоотпорни материјали, со безброј додатоци кои можат да се корисни при патување, планинарење или пак обична прошетка, Genesis Pallad 420 е тука за Вас! А ние сме тука да ви кажеме зошто мислиме дека овој ранец е меѓу најдобрите на пазарот.
Genesis Pallad 420 наскоро ќе биде достапен во продавниците на Anhoch.
Технички спецификации:
Гејмерски ранец предвиден за 15.6″ лаптоп.
Ранецот содржи една преграда.
Посебни џебови за додатоци, документи, лаптоп, таблет или мобилен телефон.
Вкупен број на џебови: 6.
Број на надворешни џебови: 3.
Број на внатрешни џебови: 3.
Капацитет од 18 литри.
Ранецот е изработен од полиестер 600D.
Класично затворање со патент.
Ранецот е водоотпорен.
Димензии: 335 mm x 160 mm x 450 mm.
Димензии на делот за лаптопот: 290 mm x 30 mm x 390 mm.
Тежина: 620 гр.
Достапни бои: црна.
Како Genesis Pallad 420 се двои од својата конкуренција?
При купување на ранец, најважно ни е истиот да има цврста конструкција изработена од квалитетни материјали, да изгледа добро и секако, да содржи повеќе џебови отколку што би ни било потребно. Баш како што неговото име сугерира, Genesis Pallad 420 изгледа фантастично и со својата мека внатрешност гарантира максимална безбедност за вашиот лаптоп, таблет или стрип. Искрено, што друго би посакале од еден добар гејмерски ранец?
Воедно, ова е водоотпорен ранец што значи дека нема да има потреба да го криете со вашиот чадор или јакна за време на дождливите денови. А, кога веќе зборуваме за електричните уреди, важно е да се знае дека овој ранец содржи и голем број на мали прегради наменети за носење дополнителни додатоци како маус, слушалки или звучник. Како што споменавме, што повеќе џебови, толку подобро. Нели?
А, како нас ни се допадна овој ранец?
Веќе е очигледно дека Genesis Pallad 420 е одличен избор кога преносливите компјутери се во прашање, па затоа сега сакаме да зборувавме за една различна, но многу важна намена – користење на ранецот за секојдневна употреба. Кога излегуваме на прошетка во парк, или пак на дружба или седенка, ние скоро секогаш носиме ранец. Па така, решивме да го тестираме Genesis Pallad 420 и мораме да признаеме дека тој се покажа на најдобар можен начин.
Тоа што најмногу нѐ воодушеви е фактот колку овој ранец е лесен и удобен. Иако преку целиот ден носевме лаптоп, звучник, шише вода и фотоапарат, ние тоа воопшто не го почувствуваме благодарение на лесната и мека конструкција на Pallad 420. Звучи добро нели? А што ако ви кажеме дека тоа не е сѐ?
Дополнителни карактеристики на Genesis Pallad 420
Се прашувате што уште би понудил овој ранец? Одговорот е едноставен, а тоа е – *drum roll* – функционалност. Прво, тој содржи ремен со кој можете истиот да го врзете за куфер како и посебни делови каде можете да закачите карабинер. Освен тоа, на страничните делови од Pallad 420 се наоѓаат дополнителни рачки каде можете да ги закачите вашите омилени украси.
Заклучок!
Иако ова е ранец за гејмери, тој се покажа дека знае и може да биде многу повеќе, а тоа е ранец за секоја пригода. Без разлика дали сте студент, работите или пак едноставно ранецот е дел од вашиот стајлинг, Genesis Pallad 420 знае да се приспособи на сечиии потреби и вкус.
Со својот минималистички и специфичен дизајн, квалитетна изработка, перфектна тежина и големина како и многу пристапна цена, овој ранец нуди безброј причини зошто баш тој треба да е вашиот избор. Ние дефинитивно го одбираме и продолжуваме да го носиме насекаде со нас.