Денес е среда, 12 март 2025
ПочетокГејмингGenesis Thulium 100 - Перфектниот држач за вашите слушалки

Genesis Thulium 100 – Перфектниот држач за вашите слушалки

Вашите слушалки го заслужуваат најдоброто, а тоа е високо функционален држач со прекрасна изработка – Genesis Thulium 100.

Со својот минималистички изглед и карактеристики создадени за да се погрижат вашите слушалки да се безбедни и секогаш подготвени за следниот boss fight или Victory Royale, Genesis Thulium 100 се одвојува како еден од најдобрите држачи на пазарот.
Производот е достапен во продавниците на Anhoch, во црна и бела боја.

Технички спецификации: 
  • Материјал: ABS, адонизиран алуминиум и TPU
  • Тежина: 98 g.
  • Димензии: 245 × 100 × 100 mm
  • Лесно монтирање без потреба од алатки
  • Основа која спречува лесно лизгање и паѓање на држачот

Во продажба на следните линкови:
Во црна боја – https://www.anhoch.com/products/headphones-stand-genesis-thulium-100-black-3540
Во бела боја – https://www.anhoch.com/products/headphones-stand-genesis-thulium-100-white-3546
Зошто Genesis Thulium 100 е вистинскиот избор? 
Прво, секако, мораме да го одвоиме едноставниот и елегантен дизајн на овој прекрасен држач на слушалки кој лесно ќе се вклопи на секоја маса. Со перфектна големина и форма која не зазема простор, тој можете да го поставите каде било. И освен што Вашите слушалки ќе бидат сигурни, Вашата гејминг соба ќе изгледа многу подобро.

 

Направен од алуминиум, овој држач за слушалки го поткрепува својот професионален изглед со лесна, но цврста конструкција која содржи три заедно поврзани делови кои овозможуваат едноставно монтирање на истиот. И знаете што? Сето ова е дополнително стабилизирано со силиконската подлога која во никој случај нема да дозволи овој држач да се лизга или ниша.
Што нас најмногу ни се допадна кај Genesis Thulium 100?
Изгледот, компактноста и квалитетната изработка се тоа што нас ни оставија најголем впечаток користејќи го Genesis Thulium 100. За да создадеме комплетна Genesis атмосфера, истиот го користевме заедно со незаменливите Toron 531 кои беспрекорно се вклопија со овој држач.

Thulium 100

Заклучок! 
Доколку сте во потрага по квалитетен држач за слушалки кој изгледа фантастично и ги содржи сите потребни функционални карактеристики, Genesis Thulium 100 е вистинскиот избор за Вас. Дополнително, во стилот на Genesis, овој врвен производ доаѓа за многу прифатлива цена која ќе му се допадне на секој гејмер.

Сè што преостанува е да ја одберете бојата која најдобро ќе се вклопи во вашата гејминг соба. Ние го одбравме црниот држач. Кој е вашиот избор?
Производот е достапен во продавниците на Anhoch.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО