Денес е сабота, 19 април 2025
ПочетокГејмингСите детали за NINTENDO SWITCH 2 - Достапен за резервација во Anhoch

Сите детали за NINTENDO SWITCH 2 – Достапен за резервација во Anhoch

Дали знаете дека подобриот, позабавниот и поиновативниот NINTENDO SWITCH 2 е официјално достапен за преднарачка во Anhoch! 🥰🍄

Но чекајте, не е само тоа.😳
⭐️Anhoch Ви нуди услови за преднарачка како никој друг:
✅1️⃣Можете да го резервирате брзо и лесно преку формата на следниот ЛИНК – директно преку веб-сајтот на Anhoch.
✅2️⃣ За да направите резервација потребен е капар од 0️⃣ денари! Во превод не треба ништо да платите за да направите резервација, конзолата се плаќа при подигнување во јуни!
Преднарачките се ОТВОРЕНИ на брз, безбеден и лесен начин – Исто како напредниот NINTENDO SWITCH 2 🤩🏎
Екран и перформанси
Nintendo Switch 2 има 7.9-инчен екран кој е поголем од оригиналниот Switch (6.2 инчи). Овој екран има резолуција од 1080p, скоро двојно повеќе пиксели и може да прикажува до 120 кадри во секунда (FPS) што помага за поблаго играње на поддржани наслови.
Дополнително, LCD екранот е поживописен и поддржува HDR (Висок динамички опсег), подобрувајќи го визуелното искуство и нудејќи подобар контраст и точност на боите.

Контролери
Новите Joy-Con 2 контролери сосема го менуваат начинот на кој фановите може да уживаат во нивните омилени Switch наслови. Со магнетно приклучување на конзолата, поголеми SL и SR копчиња и поголеми леви и десни стапчиња за подобра прецизност, Switch 2 е на едно сосема ново ниво.

Но тоа не е се! Секој Joy-Con 2 може да се користи и како маус, нудејќи разновидност во играњето. За користење на истите, сѐ што е потребно е притискање на копчето за ослободување на задниот дел од контролерите. Брзо и едноставно!

Звук и комуникација
Nintendo Switch 2 вклучува вградени звучници способни да произведат јасни и природни 3D звуци, подобрувајќи го целокупното гејминг искуство. Тие се толку добро изработени, што не Ви се потребни никакви дополнителни аудио уреди.
Секако, ако звучниците се добри, микрофонот треба да биде поденакво одличен. Затоа, Nintendo Switch 2 има вграден микрофон со технологија за отстранување на позадинскиот шум која помага Вашите соиграчи да го слушаат само Вашиот глас при комуницирање на новиот GameChat систем. 

Режими на играње
Nintendo Switch 2 поддржува три режими на играње:
  • Режим на телевизор: Во овој режим, конзолата е докирана, а видеоиграта се прикажува на ТВ екранот. Joy-Con контролерите мора да се одвојат од конзолата за да се користи овој режим, нудејќи флексибилност зависно од Вашиот гејминг стил.

  • Режим на маса: Режимот на маса овозможува Nintendo Switch 2 да се користи како самостоен екран, поставувајќи го на рамна површина со неговата стабилна вградена потпора. Овој режим го утилизира прекрасниот 7,9-инчен екран, правејќи го одличен избор за брзо и лесно уживање во најдобрите Switch наслови.

  • Рачен режим: Рачниот режим овозможува играчите да го држат Nintendo Switch 2 во двете раце со приклучени Joy-Con контролери, нудејќи флексибилност и удобност како ниедна друга гејминг конзола на пазарот. Овој режим е идеален за долги патувања или гејминг опуштање во домашни услови.

Меморија и конективност
Конзолата доаѓа со меморија од 256 GB, што е значително повеќе од оригиналниот Switch кој содржи скромни 32 GB. Ова овозможува инсталирање на безброј видеоигри без многу да се грижите за преостанатата меморија. Системот исто така поддржува побрзо читање и пишување на податоци, подобрувајќи го целокупниот перформанс и намалувајќи го времето на чекање.
Nintendo Switch 2 вклучува и две USB-C порти на долниот и горниот дел на конзолата кои отвараат повеќе можности за удобно полнење или приклучување на разни екстерни уреди како камера, и сл.
Док и поддржани видеоигри
Докот за Nintendo Switch 2 овозможува до 4K резолуција за одредени видеоигри и овозможување поврзување на поголеми екрани. Исто така, докот вклучува и вграден вентилатор кој го одржува системот ладен за време на играње.
Nintendo Switch 2 поддржува физички и дигитални видеоигри од библиотеката на оригиналниот Switch. Ова значи дека Вашите омилени наслови нема да завршат на полиците, туку истите ќе бидат достапни за повторно играње во едно ново и подобрено светло!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО