Денес е сабота, 19 април 2025
ПочетокГејмингGenesis Neon 764 - Звук и удобност на едно сосема ново ниво

Genesis Neon 764 – Звук и удобност на едно сосема ново ниво

Однадвор едноставни и елегантни, а одвнатре моќ каква што секој гејмер заслужува — Genesis Neon 764 навистина нудат се!

„Еј да го слушнев дека доаѓа ќе победевме“ и „Брат среди си го микрофонот, ништо не се слуша“ се изговори кои – иако чести – не им се познати на гејмерите кои ги користат Genesis Neon 764 слушалките. Со удобна конструкција и квалитетен звук, ова се слушалките кои му се потребни на секој гејмер, а имаат и RGB светла!
А и да не гејмате, гледањето филм и слушањето музика ќе достигне едно сосема ново ниво какво што е можно само со Genesis!
Genesis Neon 764 се достапни во продавниците на Anhoch, во црна и бела боја.

Технички спецификации:
  • Жично поврзување со USB 2.0 Type-A кабел долг 220 cm
  • Кабелот е обложен со ткаенина
  • Т.н. over-ear тип на слушалки со closed back конструкција
  • Слушалките не се склопуваат
  • Virtual 7.1 аудио систем
  • Динамичен микрофон со фреквенција од 100-10000 Hz кој може да се исклучи
  • Микрофонот содржи ENC технологија која ги намалува околните звуци со цел гласот на корисникот да се слуша појасно
  • Микрофонот има сензитивност од -42 dB
  • Слушалките не содржат т.н. Noise Cancelling технологија
  • Динамични драјвери со дијаметар од 50 mm
  • Фреквенција на звукот од 20-20000 Hz
  • Звучен притисок од 112 dB
  • Слушалките содржат функции како контрола на звукот, исклучување на микрофонот, нагодување на т.н. gain control на микрофонот
  • RGB осветлување
  • Далечинско нагодување на EQ, висина на звук како и вклучување и исклучување на микрофонот и осветлувањето
  • Тежина на слушалките: 425 g
  • Платформи: PC

Во продажба на следниот линк – https://www.anhoch.com/products?query=Genesis+Neon+764&categories=&brand=&attribute=&toPrice=277990&inStockOnly=2&sort=relevance&perPage=20&page=1

 

Што ги двои Genesis Neon 764 од конкуренцијата?
Без разлика дали ќе ги одберете црните или белите Genesis Neon 764 слушалки, тие со својата прекрасна изработка сигурно ќе се истакнат во сечие гејминг катче. Нивниот елегантен изглед и комфор кој нуди фантастична удобност при долготрајно гејмање или слушање музика се навистина доволно причини овие слушалки да бидат на вашата гејминг листа на посакувани производи. Исто така можете да си ја подесите бојата на блескавите RGB светла кои придонесуваат за фантастичен изглед и атмосфера.

Тоа не е сѐ што Genesis Neon 764 нудат! Тука е виртуеленот 7.1 звук кој заедно со 50 милиметарските драјвери поддржуваат висококвалитетен 24-bit/96 kHz surround звук. И секако, костумизирањето на звукот кое нуди повеќе опции како „Scout“ (подобрено слушање на чекори во видеоигри), „Explosion“ (фокусирано на акција), „Music“ или пак друга опција која самите ќе ја создадете е нешто што со сигурност ќе Ви се допадне!
Како нас ни се допаднаа Genesis Neon 764?
Пред да зборуваме за прекрасниот звук, мораме да ги пофалиме супер-меката конструкција и незаменливиот комфор кои го нудат овие слушалки. Без разлика колку часови поминувате носејќи ги, верувајте дека нема ни да ги почувствувате. Секако, со одличниот звук, Genesis Neon 764 и тоа како ќе се погрижат нивното присуство да биде нагласено!

Ги испробавме сите модови за звук во различни услови како играње компетитивни видеоигри, гледање филмови и слушање музика. Резултатот? Суптилна, но значајна промена која значително го подобрува целокупното искуство на тоа што го правите.

Genesis Neon 764 WHITE

И секако, доколку некој продукт содржи софтвер за промена на осветлувањето тоа значи дека ние ќе поминеме некое време играјќи си со истиот. Така беше и со софтверот на Genesis Neon 764 кој нуди многу опции за слушалките да одговараат на Вашето расположение и изгледот на останати гејмерски компоненти. Pro Comics.mk tip: Жолтата боја одлично оди со црните слушалки!

Genesis Neon 613 vs Genesis Neon 764 — која е разликата?
Genesis Neon 613 се фантастични слушалки, но постои еден модел кој е на едно малку повисоко ниво — тоа се Genesis Neon 764! Со поквалитетен звук и можности за нагодување на истиот како и подобрена конструкција за ефикасност и удобност, овие слушалки се одличен избор за сите гејмери.
Еве и мала споредба во изгледот:
Genesis Neon 613
Genesis Neon 764
Заклучок!
Добри вести! Штотуку ги пронајдовте Вашите следни гејминг слушалки кои целосно ќе го променат начинот на кој уживате во вашите омилени видеоигри, филмови и музика. Врвната конструкција, удобноста и квалитетниот звук се загарантирани, а Ваше е да одберете само која боја ја сакате — црна или бела?
Genesis Neon 764 се достапни во продавниците на Anhoch.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО