Авторот на стрипот Игор Довезенски, заедно со илустраторот Таки Гаковски, Ве водат на едно необично патување низ светот на последниот јапонски оперативен Нинџа – Тошитсугу Такаматсу.
Базирана на вистински настан раскажан од страна на учителот Масааки Хатсуми, авторот Довезенски потроши две години истражувајќи ги деталите околу приказната што се одвивала пред повеќе од сто години. Како резултат на тоа, македонската јавност ќе има можност да ужива читајќи за авантурите на нинџата Тошитсугу Такаматсу во првата Буџинкан Манга.
Уште пред да отпочне печатењето на овој стрип, неколку инвеститори и издавачки куќи од странство се јавиле за да ги откупат издавачките права со барање тој воопшто да не се печати на македонски јазик поради неисплатливост. Воден од патриотизмот и љубовта кон својата земја, Довезенски ги одби понудите поради намерата стрипот најпрвин да биде издаден и понуден на читателите во неговата Македонија.
Истовремено беше склучен договор со издавачко-дистрибутерска куќа од New York за превод, дистрибуирање и продажба на мангата на американскиот пазар, со што авторот Довезенски и илустраторот Гаковски се првите уметници кои се пласирале со своето дело надвор од границите на Македонија и тоа директно на пазарот во САД.
Цената на стрипот изнесува 500 денари, а првите 100 нарачки (за Скопје) ќе Ви бидат доставени на домашна адреса лично од младиот уметник Гаковски, кој ќе Ви се потпише на внатрешната корица.
За нарачки во другите градови, се доплаќа 130 денари (за карго), а стрипот ќе го добиете во рок од неколку дена.
Во сабота (22.05.2021) и во Недела (23.05.2021) од 12:30 до 14:30 часот, илустраторот на стрипот Таки Гаковски ќе ги чека сите љубители на јапонската (суб)култура и традиција во скопскиот Градски Парк на школка (првиот дел на паркот) со цел да Ви го потпише и да Ви напише посвета на Вашиот примерок.
Поддржи македонски стрип – поддржи македонска култура – поддржи македонски уметници.