Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокПоп КултураВидео играта 'Super Mario 64' е продадена на аукција за рекордни $1.56...

Видео играта ‘Super Mario 64’ е продадена на аукција за рекордни $1.56 милиони!

Првата 3D видеоигра Super Mario 64 на Nintendo во далечната 1996 година е продадена на аукција за едно мало богатство!

Првите чекори на 3D видеоигрите во деведесеттите ги направи токму NINTENDO со Super Mario 64! Super Mario 64 беше првата видеоигра на која играчите можеа да ја контролираат камерата независно од самиот карактер. Ова беше големо достигнување на NINTENDO и огромна транзиција во светот на гејмингот во тоа време!

Во неделата на 11.07.2021 година, аукциската куќа „Heritage“ објави дека оригинална запакувана копија од видеоиграта Super Mario 64 е продадена на аукција за неверојатни 1.56 милиони долари или 81,126,427 денари.

 

 

Моменталано Super Mario 64 е на прво место како најскапата видеоигра во светот и го сруши рекордот на Тhe Legend of Zelda 1986 година која се продаде за 1.15 милиони долари.

 

 

Можеби и некој од вас има заборавена копја од стара видеоигра која може да вреди богатство! Побарајте и пробајте си ја среќата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО