Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокПоп КултураФановите се збогуваа со легендарната играчница SEGA Ikebukuro

Фановите се збогуваа со легендарната играчница SEGA Ikebukuro

По 28 години успех, иконската играчница во Токио, Sega Ikebukuro Gigo, ги затвори вратите. Лоцирана во Тошима, играчницата Sega Ikebukuro Gigo го отвори својот бизнис пред 28 години, угостувајќи ги и локалните и меѓународните ентузијасти на игри кои ја посетуваа како дел од туристичка атракција што мора да се види.

Минатата година, SEGA ја затвори својата значајна SEGA играчница во Акихабара по речиси две децении.

Фановите на 20 септември се собраа да се збогуваат со легендарниот центар за игри на церемонијата што SEGA ја одржа по повод крајот на 28-годишното работење.

Нанапред стоеше натпис на кој пишуваше (на јапонски) „Благодарам за 28 години“. Вработените носеа кошули со иста порака, додека звучниците свиреа „Hotaru no Hikari“ (Светлината на светулката). Поставена според мелодијата на „Auld Lang Syne“, но со различен текст, песната најчесто се пушта во јапонските продавници непосредно пред да се затворат.

По одбројувањето до конечното затворање на играчницата, менаџерот одржи говор, раскажувајќи ја историјата на Sega Ikebukuro Gigo. Тој сакаше да разјасни дека SEGA не се затвора поради „Ковид-19“, туку „неизбежни околности“.

 

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО