Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba ќе ја превземе највисоката кула на светот до крајот на јануари.
Tokyo Skytree е кула за емитување и набљудување во Сумида, Токио. Во 2010 година стана највисоката структура во Јапонија и ја достигна својата целосна висина од 634 метри во март 2011 година.
Tokyo Skytree е позната по различи тематски изложби кои се одржуваат неколку пати во годината поврзани со големи аниме серијали. Овој октромви ќе започне со нова возбудлива изложба која се врти околу популарната манга и аниме серија Demon Slayer.
Почнувајќи од 21 октомври, кулата ќе свети во тематски бои од познатото аниме. Неколку спратови од кулата ќе бидат исполнети со различни тематски декорации. Па и ексклузивни места каде што ќе можат луѓето да се сликаат со омилените карактери. SKYTREE CAFE исто така ќе има храна инспирирана од Demon Slayer.
Во 2020 година Tokyo Skytree светна во боите на Kyojuro Rengoku во чест на премиерата на аниме филмот Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train.