Дали тоа што го прави режисерот е навистина илегално?
Tarantino најави дека наскоро планира да продава NFTs кои ќе содржат рачно напишани страници од оригиналното сценарио, концепт слики, тајни за ликовите, информации за изработката на филмот, белешки кои ги пишувал за време на снимање и слично.
Што се NFTs (незаменлив токен)?
NFT е единствена и незаменлива единица на податоци складирани на дигитална книга (blockchain), во една таква единица може да се складираат било какви дигитални документи како цртежи, страници, песни, GIF-ови, слики, видеоигри и слично.
Секој NFT е уникатен (поради различните документи на секој издавач) и не може да биде заменет за разлика од еден Bit Coin со друг.
Продукциската компанија Miramax (Vivacom CBS) поднесе тужба против режисерот поради користење на интелектуална сопственост која припаѓа на студиото, освен за рачно напишаните страници скриптата за кои има право да ги споделува/продава.
Според компанијата, Tarantino има лимитиран пристап до интелектуалната сопственост на Pulp Fiction и со продажба на NFTs дополнително ги доведува до збунка луѓето мислејќи дека Miramax ги продава токените наместо режисерот.
TARANTINO’S CONDUCT MAY MISLEAD OTHER CREATORS INTO BELIEVING THEY HAVE THE RIGHT TO EXPLOIT MIRAMAX FILMS THROUGH NFTS
Во тужбата го пишува следното:
The proposed sale of a few original script pages or scenes as an NFT is a one-time transaction, which does not constitute publication, and in any event does not fall within the intended meaning of ‘print publication’ or ‘screenplay publication.
Ова е прв NFT случај во Hollywood кој стигнал до суд, досега имало пример каде актери го користеле овој принцип за дополнителна заработка но не добиле тужба.
Адвокатот на Tarantino, Bryan Freedman го изјавува следново:
NFTs of his hand-written script for Pulp Fiction and this ham-fisted attempt to prevent him from doing so will fail.
Останува да видиме како ќе се реши случајот.
Статија инспирирана од CultureMK