Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокПоп Култура„Shōnen: Херојството кое инспирира“ – Пагода ве кани во Лабораториум на настан...

„Shōnen: Херојството кое инспирира“ – Пагода ве кани во Лабораториум на настан кој спојува аниме, традиција и модерни трендови

На 9 декември годинава, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се бави со промоција на источноазиски култури во Македонија.

Настанот кој е предвиден да трае до полноќ, вклучува богата програма наменета да задоволи различни полиња на интерес кај љубителите на јапонската традиционална и поп-култура, со фокус на аниме, односно „шонен“ жанрот.
Овој жанр е насочен главно кон млада публика и се одликува со теми за херојство, храброст, пријателство, борба за правда и личен развој, често вклучувајќи динамични акциони сцени и авантуристички приказни. Главните ликови обично се соочуваат со различни предизвици и растат преку поддршка од блиски пријатели и тимска работа. Шонен анимето исто така често нуди морални и мотивациони пораки, правејќи го популарен жанр не само меѓу младата публика, туку и ширум светот. Примери на познати шонен аниме вклучуваат „Naruto“, „Dragon Ball“, „One Piece“ и „My Hero Academia“.
Во рамките на настанот се предвидени бројни активности, па така во халата, на сцена ќе се претстават четири боречки вештини (Тенрју Сора Доџо – Бушидо култура и изворни вештини; Клуб „Пат кон Мирот“ – Аикидо; Клуб „Вечна Пролет“ – Винг Чун Кунг Фу и Клуб „Младост“ – Теквондо).
Веднаш по нив, публиката ќе има можност да присуствува на две панел дискусии: „Патот на херојот: Како шонен аниме хероите влијаат врз обликувањето на младата популација“ (Говорници: Христијан Павловски – дипломиран филозоф, писател; Ана Тодоровска – лиценциран психолог; Златко Ѓелески – филмски критичар) и „Како анимето стана глобален културен феномен? (Говорници: Соња Блажевска – член на Пагода; Марио Спасевски – новинар, водител; Рики Манасиев  – 2д аниматор). Модератор на двете трибини: Марио Спасевски.
Во ЕдуЛаб на Лабораториум ќе биде поставено Gaming катчето каде учесниците ќе имаат можност да тестираат и играат Play Station и Nintendo Switch игри со аниме/шонен тематика, со поддршка од Аnhoch, а паралелно ќе се одвива и турнир во играта со карти „Yu-Gi-Oh!“ предводен од Тод, со награди од Гоблин Друштвени Игри (пријава за учество на турнирот: https://forms.gle/ZLBtzTW7NZEL4FMq5 ).
Водителите на македонскиот поткаст за geek супкултура, „Дебели Гикови“, покрај водењето на трибините, ќе пренесат во живо дел од најзабавните моменти од настанот и ќе приредат изненадувања и активности.
За време на целиот настан, во предниот дел на Лабораториум, посетителите ќе имаат можност да уживаат во тематски базар каде покрај аниме облека, манга, фигурини и ракотворби (Funkogram, Animeshop.mk, Animestore.mk, Anime Go Wear, Faceless.mk, Sshahpaska_art, Bunker Comics и Dollys Crochet Shop), ќе можат да вкусат и одличо суши од Otto, како и пакувана азиска храна од K-Shop.
Покрај тоа, целодневната програма исто така вклучува и постојана изложба на избрани уметнички дела изработени од љубители на анимето, особено шонен жанрот. Повикот за уметници е сè уште отворен: https://forms.gle/fqxtkt5asRU5bjGW6
Во текот на целиот ден, присутните ќе имаат можност да уживаат во музички избор на Anime OST-еа припремен од Beats of Asia, додека пак настанот ќе биде затворен со ди-џеј сет на DJ SNUZIII кој ќе приреди експлозивна атмосфера со енергични миксови на аниме траки со електронски битови.
Посетителите се поканети да присуствуваат и во костими инспириран од нивните омилени ликови од филмови, аниме или видео игри и да се фотографираат со тематски реквизити и позадини.
Настанот е спонзориран од Anhoch и Grafika Plus, и поддржан од Лабораториум, Дебели Гикови и Гоблин Друштвени Игри.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО