Телевизиските платформи Netflix, Apple TV Plus и Disney Plus со нови оригинални ТВ серии кој премиерно ќе ги проследиме овој Јуни!
Месецот ќе започне со серијата Lisey’s Story на Apple TV Plus која ќе биде првата адаптација од новелата на Stephen King со истото име. ТВ серијата ќе биде мини хорор драма со 8 епизоди и премиерно ќе се емитува од 4 Јуни 2021 година. Се работи за вдовица која станува жртва на опасен демант кој е опседнат со работата на нејзиниот мртов сопруг. Lisey’s Story е исто така напишана од Stephen King и режирана од Pablo Larain, а ќе биде произведена од J.J Abrams. Во главната улога Jullianne Moore.
Netflix со нова оригинална ТВ серија исто така на 4 Јуни која ќе биде базирана од стриповите на DC. Sweet Tooth ќе биде фантастична драма со 8 епизоди која е креирана од Jim Mickle. Се работи за детето Gus кое е пола човек пола елен, заедно со неговиот личен заштитник преживуваат низ пост-апокалиптичниот свет и бараат нов почеток за нивниот живот. Во главните улоги: Christian Convery, Nonso Anozie и Stefania LaVie Owen.
Оригиналната ТВ серија LOKI премиерно ќе започне со емитување од 9 Јуни на Disney Plus. Богот на пакоста Loki покрај неговата смрт од рацете на Thanos наоѓа начин да си даде втора шанса на неговиот живот во друга временска рамка. Останува да видимe дали таа нова шанса ќе биде паметно искористена и која е следната цел на неговиот нов живот. Loki ќе биде фантастична временска авантура со 6 епизоди. Добро познатиот Tom Hiddleston како Loki и легендарниот актер Owen Wilson во улогата на Mobius M. Mobius.
И за крај нова оригинална аниме серија инспирирана од светот на Godzilla која премиерно ќе се емитува на Netflix од 24 Јуни со наслов Godzilla Singular Point (Gojira Shingyura Pointo). Анимето е произведено од две јапонски компании во соработка со Netflix а режирана од Atsushi Takahashi. Се работи за еден инженер и еден млад студент кој не се познаваат а работат на една иста мистерија вклучително и целиот свет.