Првата анимирана серија на Marvel Studios дефинитивно ќе донесе голема слобода и креативност за сите ликови кои ќе бидат прикажани на нов и интересен начин.
Доколку сакате да ги добиете сите детални информации за ‘What If…?’ притиснете ТУКА.
Секоја епизода (од вкупно 10) ќе ни прикаже алтернативен настан на секој засебен филм од филмскиот универзум на Marvel (во првата сезона ќе се работи за 10 филмови, во втората сезона ќе се покријат и останатите настани од филмскиот универзум на Marvel).
Chris Hemsworth ќе го позајми гласот за добропознатата улога како и Tom Hiddleston за Loki. Сите актери кои ќе ја повторат нивната улога (како и Chadwick Boseman за последен пат) можете да ги видите ТУКА.
Се работи за епизода која ќе биде базирана на првиот ‘Thor (2011)’ филм во која Thor нема да започне конфликт на планетата Jotunheim, Odin успешно ќе го круниса за новиот владетел на Asgard, поради успехот Thor ќе реши да прослави со организирање на една масивна интергалактичка забава токму во Midgard (планетата Земја). Најавено е дека забавата потенцијално ќе донесе големи пријатели и непријатели со тоа што ќе дојде до крајот на светот, секако Thor ќе мора да си ја поправи грешката и да не дозволи да се случи најлошото.
Додека Thor се забавува, Loki повторно превзема иницијатива да стане единствениот крал на Asgard и да владее со планетата Земја.
Серијата ќе биде достапна од 6-ти Август, 2021 година.
Очекуваме големи возбудувања во секоја епизода, ‘First Look’ трејлерот можете да го погледнете подолу: