Amazon лансира минисерија која ќе биде дел од универзумот на The Boys како сериски тизер пред третата сезона. Seven on 7 Cameron Coleman ексклузивно на Vought News Network.
Серијата ќе издава нова епизода на седми секој месец преку каналот Vought International на YouTube. Водител на шоуто е ,Cameron Coleman кој го претставува сегментот наречен Seven on 7 on Vought’s “Fox News-esque media division.”
Секој сегмент ќе ги потполни дупките на приказната од прва и втора сезона и ќе изгради динамика за претстојната сезона 3. Минисеријата ќе има седум епизоди и една реклама. Ликот на Edison треба да се појави во сезоната 3, но пред тоа, тој ќе се појави во една од епизодите и ќе ни даде краток тизер за неговoто појавување во сезона три и ќе ги коментира главните настани во ТВ серијата The Boys досегa.
Погледнете за што станува збор!
Ова е официјалниот YOUTUBE канал на кој ќе бидат објавувани епизодите секој нареден месец!
https://www.youtube.com/channel/UCekYgu4qTiqVtLcxgBbhjnw