Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокСерииДобивме ,,Leak" од костумот на Moon Knight

Добивме ,,Leak” од костумот на Moon Knight

Moon Knight е една од најочекуваните серии на Marvel. Серијата е моментално во продукција и точниот датум кога ќе биде достапна сеуште не е познат.

Главниот лик ќе биде Marc Spector (Oscar Isaac) кој е дел од американската војска и додека бил на мисија во Египет е оставен да умре, но потоа е спасен од локалните мештани кои го носат во еден египетски храм кој е посветен на Khonshu, богот на месечината. Борејќи се за својот живот, него му се појавува Khonshu и му нуди втора шанса за живот.

Додека чекаме за да ја гледаме серијата, добивме слика која потенцијално ни го покажува официјалниот изглед на костумот на Moon Knight.

 

 

Како што може да видите, ова сеуште не е официјално и потврдено од Marvel. Како и да е, фановите го препознаа египетскиот стил на костумот и неговата сличност со мумиите, што ни кажува за неговото потекло и се поврзува со краткиот опис од погоре.

Исто така добивме и една интересна изјава од Ethan Hawke, кој ја игра улогата на негативецот во серијава. Тој зборува за тоа како Oscar Isaac го викнал да глуми заедно со него. Има да го каже следново: “[Isaac’s] like, ‘Hey, I really liked The Good Lord Bird,'”. “I was like, ‘Hey cool, I really like your work. You’re amazing.’ He’s like, ‘Want to be in Moon Knight with me?’ It happened the right way.”

А дава и големи пофалби за снимањето на серијатa со зборовите: “The best sets I’ve ever been on in my life” and that the show’s costumes and cinematography are “mind-boggling.”

Jeremy Slater, кој работеше на хитот на Netflix, Umbrella Academy, ќе работи и на Moon Knight.

Според информацииве кои ги имаме досега можеме да се надеваме дека ова ќе биде една од најдобрите серии на Marvel. Останува да видиме…

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО