Netflix ја купи чоколадната фабрика на Willy Wonka и најави многу проекти како: серии, филмови па и видеоигри базирани на карактерите и приказните од светот на писателот Roald Dahl. Прочитајте повеќе.
Двете компании ќе работат заедно на различни проекти за различни карактери од универзумот на Wonka на нов и креативен начин. Во договорот стои дека ќе се изработуваат live action филмови, телевизиски серии, поткасти па и видеоигри.
“As we bring these timeless tales to more audiences in new formats, we’re committed to maintaining their unique spirit and their universal themes of surprise and kindness, while also sprinkling some fresh magic into the mix,” Netflix said.
Excited to announce that the Roald Dahl Story Company (RDSC) and Netflix are joining forces to bring some of the world's most loved stories to current and future fans in creative new ways.
“We are now about to visit the most marvellous places and see the most wonderful things.” pic.twitter.com/NIiBeStJm2
— Netflix (@netflix) September 22, 2021
Оваа соработка и универзум ќе започне со телевизиската серија од Taika Waititi кој ќе работи за Netflix. Оваа ТВ серија ќе биде дел од универзумот на Charlie and the Chocolate Factory. И уште еден оригинален проект односно live action од сценариското шоу на Matilda (Matilda the Musical) во кој ќе настапуваат Emma Thompson, Lashana Lynch, а во главната улога Alisha Weir како Matilda, кое премиерно ќе се емитува на Netflix во 2022 година.