Дали ова ќе биде следната голема улога на Keanu Reeves?
Netflix официјално ги обезбеди филмските права за стрип серијалот ‘BRZRKR’ кој е издаден од BOOM! Studios и е оригинална идеја/креација на актерот Keanu Reeves. Серијалот се состои од вкупно 12 изданија, првото изданије е пуштено во продажба од 3ти Март годинава, моментално стрипот доживува голем успех со 615,000 продадени копии и е напишан од страна на Keanu Reeves, Matt Kindt (New York Times bestselling writer), илустриран од Ron Garney (артистот на Marvel), обоен од Bill Crabtree, дизајнот на буквите од Clem Robins, дизајн на карактери и дизајн на корици од Rafael Grampa.
Приказната се основа околу бесмртниот воин низ битките кои ги води во неговиот живот од 80,000 години, ликот кој е познат само под буквата Б е полу-бог, полу-човек проколнат кон насилство дури и по цена на неговата психичка стабилност. После долги години скитајќи низ планетата земја, Б конечно се пронаоѓа во како војник на Американската влада со цел да изврши мисии кои се опасни за обични војници, за возврат ќе го добие едното нешто за кое што го посакува, вистината за неговото бесмртно постоење и како да го заврши еднаш засекогаш.
Поради феноменалните улоги на добропознатиот актер во акционите филмови ‘John Wick’, ‘Matrix’ па дури и во играта ‘Cyberpunk’, Netflix реши да инвестира во посебен филм со што Keanu Reeves ќе ја игра улогата на Б и воедно ќе го позајми гласот за сопствена аниме серија инспирирана од стриповите. Ова ќе биде прв и едниствен проект од страна на BOOM! Studios во соработка со Netflix.