Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокСтриповиРуските „Avengers“ ќе бидат дел од филмот 'Black Widow'

Руските „Avengers“ ќе бидат дел од филмот ‘Black Widow’

Актерот David Harbour ни најавува ликови кои се дел од тимот наречен „Winter Guard“

David Harbour ќе ја игра улогата на Alexei Shostakov (Red Guardian) и преку неговиот Инстаграм профил ни даде најва за ликови кои досега не биле најавени за ‘Black Widow’ а се дефинитивно уникатни.

Прочитајте ја неговата објава во прилог:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Harbour (@dkharbour)

“Ursa, Yelena, Nat, CD, Sputnik, I and all the rest of the winter guard look forward to sharing a popcorn bag and a big ole screen in a dark theater with ya on July 9”

Знаеме дека Nat и Yelena сугерираат на ликовите кои се веќе добропознати, односно Natasha Romanoff и Yelena Belova но што значат другите непознати имиња (Ursa, CD, Sputnik)?

  • Ursa – Хуманоидна мечка која има проблем со конзумација на алкохол
  • CD (Crimson Dynamo) – Рускиот Iron Man
  • Sputnik (на сликата под името Vostok) – Андроид сличен на Vision

Засега само за нив три дознаваме дека можеби ќе се појават во филмот, другите ликови на сликата се:

  • Perun – Славскиот бог на невремето
  • Red Widow
  • Chernobog – Славскиот бог на темнината
  • Darkstar – Манипулатор на мрачната сила

Според стриповите, Red Guardian е нивниот лидер (во паралела со Captain America на Avengers) со што групата „Winter Guard“ е создадена од страна на руската влада како одговор на таканаречената „Avengers“ програма од страна на САД.

Сеуште е непознато во каква улога ќе ја видиме групата, според најголем дел од гласините тоа ќе биде во стилот на „cameo“ или „post credits“ сцена но не бидете изненадени доколку ги видиме и во поголемо времетраење.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО