Еден од најморничавите и гадните хорор стрипови – Напишано од Огнен Златков.
Автор: Пол Тобин
Артист: Хуан Фереира
Издавач: Dark Horse
Colder е хорор стрип издаден во 2012 година од страна на Dark Horse во три тома. Главен лик во стрипот е Деклан Томас кој е поранешен пациент од лудница која е опожарена во 1941 година. Деклан после пожарот приметува дека телесната температура константно му се намалува, не чувствува никаква болка и не старее. Се стекнува со чудна способност да навлегува во лудилото на други луѓе и истото да го излечи.
Главниот негативец е Nimble Jack кој се храни со лудилото на други луѓе па тука настанува борбата помеѓу доброто и лошото.
Пол Тобин одлично ја смислил приказната дополнително со илустрацијата од страна на Хуан Фереира стрипот го добива тоа што му е потребно, мрачен, луд и непредвидлив.
Посебно внимание остава негативецот Nimble Jack кој е одлично нацртан и во многу сегменти е сличен на Joker од DC comics.
Стрип кој заслужува шанса и дефинитивно ќе ве остави со отворена уста
Да се надеваме во иднина дека ќе се изработи игран или анимиран базиран на приказната од стрипот.