Денес е сабота, 26 април 2025
ПочетокСтриповиStrange Adventures – Стрип рецензија од PARAGONS

Strange Adventures – Стрип рецензија од PARAGONS

I AM ASHAMED OF OUR ACTIONS. I AM NOT AFRAID OF THEM.

Некој нека го запре Tom King додека работите се’ уште не излегле надвор од контрола! Тој е убедливо најдобриот стрип сценарист во моментот, а тоа се потврдува и со неговиот стрип „Strange Adventures“ кој пред неколку дена си го земав од Академска книга, во тврда корица, за прилично евтини пари. Веќе ви имам кажано што мислам за други дела на Tom King – „Rorschach“ и „Mister Miracle“, а и Марко ви има кажано што мисли тој за „The Vision“. Нема ни оваа рецензија да се разликува многу од нив, особено ако земеме предвид дека станува збор за уште еден masterpiece.

Strange Adventures е limited series од 12 чаптери, во боја, со сите нишани, напишан од Tom King, а цртан од Mitch Gerads и Evan “Doc” Shaner. Приказната е базирана на и не толку познатиот DC лик Adam Strange, за оние од вас кои не сте го сретнале до сега, тој е „херој на 2 света“ – на Земјата и на планетата Rann, кој кога ќе го погоди таканаречениот zeta-beam, се телепортира од Земјата према Rann на неопределено време. Кога ќе му истече ефектот на zeta-beam-от, се враќа назад на Земјата, и мора да го чека наредниот zeta-beam за да се врати назад на Rann. Така, тој практично живее на двете планети. Овој серијал почнува со раскажување за долга војна на планетата Rann, која наводно е победена поради херојствата на Adam Strange, после која тој се враќа на Земјата, пишува автобиографска книгa и целиот свет му се восхитува. Се’ се менува кога на промоцијата на неговата книга му доаѓа лудак и со огромна лутина му ги набројува воените злосторства кои наводно Adam Strange ги направил за да ја победи војната, а ги крие и не ги споменува во книгата. Камери го фаќаат тоа, го објавуваат на телевизија, па го наоѓаат лудакот убиен, со што целиот живот на Adam Strange почнува да се руши како кула од карти.

Токму мистеријата е тоа што возбудливо го води читателот од почеток до крај: Го мести ли некој? Што се случило на планетата Rann? Што кријат Adam Strange и жена му? Зошто дури ни The Justice League не му веруваат? Каква е поврзаноста на ќерка им која починала во војната со сето ова? Стрипот е испреплетен со сцени од војната во минатото (дејствијата од книгата на Adam Strange) – сцени кои ги црта Doc, и сегашноста – сцени кои ги црта Mitch Gerads. Цртежот е на највисоко можно ниво. Нема лошо нацртан панел, боите се коска, и стрипот врие со прекрасни splash и double-splash pages. За приказната, не можам многу многу да навлагам без да зборам за spoiler-и, но можам да кажам дека стрипот има се’: мистеирја, акција, авантура, plot twists, секс, алкохол, смрт, Супермен и Бетмен, психологија и филозофија…

Секогаш е тешко да се раскажува за нешто што толку ти се допаѓа без да го издадеш крајот. Кога некој стрип, филм или серија има илјада глупости (гледам во тебе The Penguin серијата на HBO, со прелошиот plot armor), лесно е да се зборува и критикува. Стрипот Strange Adventures, според останатите рецензии кои ги прочитав бидејќи ме интересираше дали и на другите волку им се допаднал стрипот, има само две негативности. Првата е дека Adam Strange од овој стрип нема врска со главниот canon на DC, а некои одат до таму што велат дека неговиот карактер е толку осакатен што освен името, нема ништо заедничко со оригиналниот лик. На оваа критика имам два коментари: едниот е да го прочитаат стрипот повторно (овој пат повнимателно) бидејќи експлицитно се објаснува зошто Adam Strange е таков каков што е (тоа е поентата на целиот стрип); понатаму, станува збор за limited series под DC Black Label импринт, кој постои за да може да се осакатуваат ликови со надеж дека ќе искочи нешто јако, а тука дефинитивно искочило нешто јако. Другата критика на која наидов е дека доколку не знаеш апсолутно ништо за Adam Strange, тешко ќе ти биде да навлезеш во приказната. Со ова се согласувам, па затоа и одбрав во делови од оваа рецензија да ви дадам мал вовед за ликот.
Кога ќе се стават сите карти на масата, Strange Adventures е одличен стрип со сите нишани. Топло ви го препорачувам, прочитајте го – нема да зажалите!

Оценка: 10/10

Рецензијата е напишана од Војдан Андонов од Парагонс.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО